Имавте секс за една вечер? Овие 3 хороскопски знаци не очекувајте да ви се јават

Имавте секс за една вечер? Овие 3 хороскопски знаци не очекувајте да ви се јават

Излеговте, запознавте некоја супер интересна личност и завршивте во нејзиниот кревет истата вечер? Тоа не е незамисливо сценарио, но дали контактот ќе продолжи зависи од тоа со кој сте имале работа. Имено, некои луѓе се поотворени за започнување врска на таков начин, додека за други тоа е само секс за една вечер. Постојат различни личности и карактери, но астролозите велат дека овие 3 знаци најверојатно нема никогаш повторно да ве побараат.

Имавте секс за една вечер? Овие 3 хороскопски знаци не очекувајте да ви се јават

Стрелец

Авантуристички расположените припадници на овој знак, немаат лоши намери, но нив толку ги понесува можноста да испробаат нови работи и да запознаат нови личности. Тие, сепак, нема да ги продлабочат односите кои ги сметаат за „краткотрајни“. Ова не значи дека, како по правило, се работи за луѓе за краткотрајни авантури, но ако се во тој „филм“, тие соодветно и така се однесуваат. Стрелците првенствено ја слушаат својата интуиција и не се секогаш најдобри во артикулирањето на нивните идни намери. Овој страстен знак лесно се возбудува во моментот, но се „оладува“ исто толку брзо, па немојте да мислите дека ќе имате повторна средба.

Скорпија

При заведувањето можеби тоа не изгледа така, но припадниците на овој знак се всушност многу тајновити луѓе и нивното срце е заклучено како длабок сеф. Тие се страсни љубовници, но им треба многу време да развијат подлабоки емоции, кои треба да ги анализираат и прифатат, и тоа секако не се случува преку ноќ. Откако ќе имате „жешка“ средба со нив, ќе им бидат потребни денови, па дури и недели, за да може да согледаат колку им било добро, но тогаш им е глупо да ви се јавуваат. Тие се плашат дека може да испаднат очајни, па поверојатно е дека нема да ве побараат повторно. Ако го сторат тоа, очекувајте покана за секс, а не за кафе-средба – па ќе ви биде полесно да одбиете каква дружба отколку повторно да бидете емотивно погодени.

Близнаци

Астролошката иронија е дека припадниците на овој знак, познати како „богови на комуникацијата“, најверојатно ќе бидат оние на кои ќе им се избрише трагата по ваквата авантура. Тие се прилагодливи  и со отворен ум и одлично ја согледуваат можноста.

Иако се добри за излегување и дружење, не се снаоѓаат во емотивните контакти. Затоа љубовните односи со Близнаците можат да бидат комплицирани. Иако знаат да сакаат и бараат љубов, најтешкиот дел е да ги држите заинтересирани за да ви се доверат. Тие знаат да бидат многу себични и самодоволни, а најмногу им одговара кога другата страна е трпелива и со многу разбирање, иако се подготвени да дадат сè за да ве придобијат, барем на почетокот.

Можеби сакате да прочитате и за 4-те хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар