Како хороскопските знаци се однесуваат во униформа, зошто имаат несоница и како менуваат сијалица? - Part 2

Хороскопските знаци и однесувањето во униформа, причината за несоница и менувањето сијалица

(2) Хороскопски знаци и однесувањето во униформа, причината за несоница и менувањето сијалица

Вага

Какви сте во униформа?

Смислата за правда е потребна карактеристика во полициската установа, а тоа е нешто што Вагите го имаат во изобилство. Тие секогаш детално им пристапуваат на испитувањата и не сопираат сè додека не ги добијат потребните докази.

Зошто патите од несоница?

Вагата не може да одлучи што да облече следниот ден.

Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?

Тие никогаш не можеле да се одлучат за одговорот на ова прашање.

Скорпија

Какви сте во униформа?

Тие го сакаат оружјето повеќе од униформата, па го носат и како цивили, секако со претходно добиена дозвола. Токму затоа и често се случува да ги преплашат своите најблиски кои престојуваат во нивниот дом и станале да се напијат вода доцна навечер, мислејќи дека се натрапници.

Зошто патите од несоница?

Скорпијата секогаш прави нешто друго наместо спиење.

Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?

„Кој сака тоа да го знае? Зошто? Полицајци сте? За што ме обвинувате?“

Стрелец

Какви сте во униформа?

Тие се спортски тип војници или полицајци, на кои сè им оди од рака. Кариерата би им била беспрекорна доколку не прават постојано глупави предизвици со своите колеги за забава.

Зошто патите од несоница?

Стрелецот мисли на сите оние нешта кои би можел да ги направи наместо да спие.

Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?

Сонцето сјае, а животот е една голема загатка. Сè уште не знаеме што било прво: кокошката или јајцето, а вие се грижите за промена на една обична сијалица…

Јарец

Какви сте во униформа?

Тие добро се чувствуваат во униформа и обожаваат да работат во неа, но според нивното мислење незаслужено ги бие лош глас. Не се тие криви што една недела откако преминале од полицајци во пожарникари, целиот објект каде што работеле изгорел до темел.

Зошто патите од несоница?

Јарецот веќе преспал непланирано во текот на денот, па затоа има сила да работи цела вечер.

Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?

Ниту еден. Јарците не менуваат сијалици освен ако во тоа не гледаат можност за добра заработка.

Водолија

Какви сте во униформа?

Тие на своја кожа откриваат дека униформата не овозможува ни трошка екстраваганција. Исто така, без разлика колку добро работат, надредените не можат да им опростат што тие ја изгубиле својата капа така што им дале на мали дечиња да си играат со неа.

Зошто патите од несоница?

Водолијата не спие бидејќи постојано е на Интернет.

Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?

Ќе се појават едно 100-тина Водолии и сите ќе се натпреваруваат со цел да видат кој од нив на светот му дал најдобра светлина.

Риби

Какви сте во униформа?

Хуманизмот кој ги карактеризира Рибите најчесто не одговара со работата во униформа. Но, доколку сепак завршат таму, тие се предмет на завист бидејќи успешно ги откриваат виновниците според принципот: „Кој има црвен нос, сигурно лаже. А кој лаже, сигурно и краде.“ Најлошото нешто е што најчесто се во право.

Зошто патите од несоница?

Рибите мечтаат преку ден.

Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?

Тие се премногу зафатени со паника затоа што нема струја и затоа не можат самите да ја сменат сијалицата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар