16 совети за нега на виткана коса кои ќе ви го променат животот

Иако витканата коса е навистина преубава, честопати може да биде многу непослушна, сува и тешка за обликување, а тоа најдобро го знаат девојките со природни локни. Грижата за витканата коса е уметност за која е потребно време за да ги совладате триковите.

Ова се најдобрите совети од фризерите за одржување на витканата коса.

1-16-soveti-za-nega-na-vitkanata-kosa-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kafepauza.mk

1. Запознајте го вашиот тип коса. Различните локни бараат посебен начин на одржување и нега.

2. Третирајте ги правилно вашите локни. Користењето маска за коса еднаш неделно ќе направи многу за нив.

3. Не користете четка за коса – никогаш!

4. Користете чешел со широки запци кога вашата коса е полувлажна.

5. Не фаќајте ја постојано со прстите. Што помалку ја фаќате, толку таа ќе биде поубава.

6. Заборавете на сушењето на косата со пешкир. Наместо тоа, определете се за замотување во стара памучна блуза.

7. Морската сол во шише или во спреј ќе стане вашиот најдобар пријател. Таа одлично ќе ги обликува вашите локни – како штотуку да сте излегле од фризерски салон.

8. Дифузерот (додаток за фен) е задолжителен кога ја сушите косата.

2-16-soveti-za-nega-na-vitkanata-kosa-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kafepauza.mk

9. За обликување на „дивите“ локни најдобро е да користите пена за коса или гел.

10. Ако вашата коса е сува и ви стрчат влакненца на сите страни, користете „smoothing“ крема за исправување на косата, во која ќе додадете малку масло кое ќе ѝ пружи убав и здрав сјај.

11. Немојте секогаш да користите шампон додека ја миете. Доволно е да употребите регенератор.

12. Спиењето на сатенска перница ќе помогне вашите локни да го задржат обликот, без создавање на електрицитет.

13. Редовно скратувајте ја. Оштетените краеви може да предизвикаат создавање на разбушавени локни.

14. Никогаш не му дозволувајте на вашиот фризер да ја пострижува вашата коса додека е мокра, за да можете да се уверите дека тоа е вистинската должина која ја сакате.

15. Производите Frizz control навистина помагаат, но немојте да претерувате.

16. Обидете се косата да ја сушите на природна температура на воздухот.

3-16-soveti-za-nega-na-vitkanata-kosa-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kafepauza.mk

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар