Финансиски хороскоп до 7 август: Нови предизвици или нови приходи?

Финансиски хороскоп до 7 август: Нови предизвици или нови приходи?

Во втората половина од оваа недела треба да бидете особено претпазливи бидејќи од четврток Меркур ќе биде во знакот Девица. Освен тоа, не треба да го занемарите фактот и дека моментално сме под влијание на ретрограден Уран. Еве како планетите ќе влијаат врз хороскопските знаци во поглед на финансиската состојба оваа недела.

Финансиски хороскоп до 7 август: Нови предизвици или нови приходи?

Овен

Меркур ќе ви влијае позитивно, а тоа ќе значи дека ќе имате енергија и мотивација за нови активности, па астролозите ве советуваат добро да ги искористите за да ги постигнете вашите цели. Сепак, внимавајте бидејќи почетокот на неделата нема да биде поволен за започнување нов проект.

Бик

За да ги зголемите вашите приходи обидете се да инвестирате во хартии од вредност или акции. Освен тоа, астролозите ве советуваат сите итни работи да ги завршите на почетокот на неделата. Меѓу другото, не влегувајте во долгови, не одложувајте планови и не трошете повеќе отколку што ви дозволува буџетот.

Близнаци

Ретроградниот Уран може да придонесе за несакани расправии со колегите на почетокот на неделата. Сепак, кон крајот на оваа недела можете да очекувате значителен развој на професионален план и нови деловни понуди.

Рак

Во текот на оваа недела насочете го вниманието кон промена на вашите планови наместо да се грижите за конкуренцијата. Тоа ќе ви помогне да избегнете финансиски проблеми. Оваа недела ќе ви биде исполнета со предизвици, па затоа добро испланирајте го вашиот буџет. Згора на тоа, игнорирајте ја интуицијата доколку треба да донесете одлука!

Лав

Не пропуштајте ги можностите што универзумот постојано ви ги нуди. До четврток обидете се да ги вратите сите долгови, да ги исполните сите финансиски обврски и да ја завршите работата што сте ја почнале порано. Освен тоа, не дозволувајте стравот и сомнежите да ве спречат да го зголемите приходот.

Девица

Шестото сетило ќе ви помогне да ја одржите материјалната стабилност во текот на оваа недела. Сепак, ќе мора да работите напорно и да вложите доволно труд и време. Кон крајот на неделата, пак, ве очекува пријатно изненадување. Следете ги берзите бидејќи ќе имате добри шанси.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар