Финансиски хороскоп до 7 август: Нови предизвици или нови приходи? - Part 2

Финансиски хороскоп до 7 август: Нови предизвици или нови приходи?

Вага

Доколку сакате да се збогатите или да го зголемите вашиот приход ќе мора да направите нешто добро за луѓето околу вас. Освен тоа, вашата главна задача ќе биде да ги решите сопствените проблеми. Сепак, положбата на планетите оваа недела ќе влијае негативно врз вашата енергија и продуктивност.

Финансиски хороскоп до 7 август: Нови предизвици или нови приходи?

Шкорпија

Моменталната финансиска состојба ќе ви биде во фокус оваа недела. Одбијте ги сите сомнителни понуди и не влегувајте во долгови. Фокусирајте се само на работните обврски. Освен тоа, обидете се да ги контролирате негативните емоции бидејќи тие можат да доведат до проблеми со парите, особено доколку работите со клиенти.

Стрелец

Меркур во знакот Девица ќе ви ги врати мотивацијата и самодовербата. Вашиот живот ќе почне да се менува во наредниот период, пред сè во финансискиот сектор. Не треба да очекувате брзи резултати, но работниот процес ќе ви биде пријатен и можете да очекувате зголемување на приходите. Меркур позитивно ќе влијае врз вашата продуктивност и ќе ви донесе нови можности.

Јарец

Постојат големи шанси да најдете нов извор на приходи. За целосно да ги искористите можностите кои ви ги нуди универзумот, астролозите ви препорачуваат да не им дозволите на личните проблеми да ви влијаат во работата.

Водолија

Постои голема можност да ги зголемите приходите преку донесување правилни одлуки. Сепак, на почетокот на неделата ќе се соочите со финансиски тешкотии. Затоа астролозите ве советуваат да работите на самодовербата и да покажете иницијатива. Ова ќе биде и одлично време да поразговарате со претпоставените како и да направите проценка на трошоците за следниот месец.

Риби

Бидете внимателни кога потпишувате документи затоа што ве демне ризикот од носење погрешна одлука. Освен тоа, на почетокот на неделата ќе бидете мрзеливи, а токму поради тоа ќе се појават пропусти во работата. Астролозите ви препорачуваат да избегнувате непотребни трошоци и неоправдани ризици.

Откако го прочитавте финансискиот хороскоп за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар