Денес е магичен ден: Еве на што треба да обратите внимание

Денес е магичен ден: Еве на што треба да обратите внимание

Денес е 11 јануари, а низата 111 укажува на магичен ден во нумерологијата. Бројот 1 претставува независност и мотивација. Означува нови почетоци и способност да се препуштите и да се движите напред кон успехот.

Денес е магичен ден: Еве на што треба да обратите внимание

Од друга страна, бројот 11 укажува на вашата животна цел. Кога се заедно, овие две бројки претставуваат инспирација и духовно будење. Луѓето родени на 11 јануари најверојатно ќе бидат инспиративни и силни лидери. Тие се исто така оптимисти, толерантни и зрачат со позитивна енергија.

Кога ќе го видите бројот 111 ќе привлечете просперитет и изобилство во вашиот живот, а она за што постојано размислувате ќе се оствари – вашите мисли ќе се претворат во реалност.

Сега е одличен момент да ги одредите вашите вистински желби и да си поставите цели. Одлучете што точно сакате и одржувајте оптимистички поглед кон животот без да ве обземат негативни мисли. Наместо тоа, фокусирајте се на вашите соништа.

Низата 111 укажува на вашата интуиција и затоа треба да го следите вашиот внатрешен глас. Таа ќе ви помогне да ги најдете одговорите кои ви се потребни во животот. Ќе ви отвори нови можности, без разлика дали се работи за работа или љубов. За некои луѓе, кога бројот 111 ќе почне да се појавува повеќе пати, тоа е знак за прекин на лоша врска или напуштање на работата што не ги задоволува. Низата 111 е поврзана и со духовното будење и наоѓањето цел во животот – нурнете длабоко во себе. Можеби сте во нова фаза од животот која ќе ви даде чувство на поголема самопочит и самодоверба.

Покрај тоа што носи позитивни работи, низата 111 потсетува и на важноста на чувството на благодарност. Бидете благодарни за сè што имате во животот, без разлика дали се работи за семејството, пријателите, материјалните работи, знаењето или можностите. Бидете благодарни за помошта што сте ја имале досега. Ова ќе ви помогне да привлечете повеќе позитивни ситуации и луѓе во иднина.

Откако прочитавте за значењето на низата 111, можеби ќе сакате да дознаете и кој е вашиот скриен број.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар