Астрологијата открива: Најлошите особини на хороскопските знаци

Астрологијата открива: Најлошите особини на хороскопските знаци

Астрологијата не е секогаш тука за да ни ги открие нашите најдобри особини и да ни помогне да ја пронајдеме нашата сродна душа. Понекогаш, таа се врти малку и на темната страна и ни ги открива нашите најлоши особини. Во продолжение прочитајте какви личности би биле доколку го живеевте животот по најлошото сценарио и кога би биле антагонистите во сопствената животна приказна.

Астрологијата открива: Најлошите особини на сите хороскопски знаци

Овен

Војник, лидер, склон кон игри и интриги, импулсивен, што е последица на неговиот колеричен темперамент. Луѓето ги гледа како објекти, посебно жените и оние кои се поразлични од него, и откако ќе ја заврши комуникацијата, ги турка на страна и ги заборава. Овните се добри економисти и обично добро заработуваат. Како маани можат да им се издвојат гордоста, брзоплетоста и егото, а во најлош случај можат да бидат садисти.

Познати личности родени во знакот на Овен: Казанова, Марлон Брандо, Никита Хрушчов, Адолф Хитлер

Бик

Темпераментен, дипломат, тврдоглав и мрзлив, освен ако не е добро платен за работата. Материјалист, често успешен во политиката и воените дела, но и во економијата и финансиите. Мецена за уметностите, а има талент да создаде нешто и сам. Ужива во храната, виното и доброто друштво. Како карактерни маани му се издвојуваат непопустливоста, склоноста кон алкохолот и љубомората.

Познати личности родени во знакот на Бик: Сократ, Тито, Макијавели

Близнаци

Привлечни но ладни, интелигентни но неемотивни, самокритични но сакаат да ги критикуваат и другите. Бројот на лоши особини им е еднаков на бројот на добри особини. Контрадикторен, дуален знак кој денес вели едно, утре друго, а потоа го преанализира сѐ она што го кажал.

Познати личности родени во знакот на Близнаци: Платон, Лорка, Паскал, Сартр

Рак

Воден знак со променливо расположение кој се пронаоѓа во секоја професија, но му треба време за да се одлучи само за една. Поетска и уметничка душа, емотивен, темпераментен, не покажува слабост кога е повреден или кога нешто му смета. Ја цени самотијата, но има потреба и од социјализација. Понекогаш склон на пороци.

Познати личности родени во знакот на Рак: Тесла, Рокфелер, Фрида Кало, Хенри VIII

Лав

Диктатор, не ги признава своите грешки, секогаш сака да биде во право, мирен е само кога е свесен дека е послаб од луѓето во околината каде што се наоѓа. Понекогаш може да биде добар дипломат. Вешт манипулатор, способен да ја натера масата да го сака и почитува и покрај неговите мотиви и методи. Кога има моќ, тогаш навистина има моќ. Исто како и со кралот на џунглата, така и со лавовите најдобро е да се нахранат и да им се даде простор за да не ја тиранизираат околината.

Познати личност родени во знакот на Лав: Наполеон Бонапарта, Мусолини, Карл Јунг, Коко Шанел

Девица

Самокритични, добри во сѐ што работат, понекогаш тврдоглави и мрзливи. Аналитичен и импулсивен знак со променлив карактер. Боемска душа, што подразбира комар, алкохол, секс и рокенрол.

Познати личности родени во знакот на Девица: Толстој, Мајкл Џексон, Фердинанд Порше, Агата Кристи

Вага

Единствениот воздушен знак кој знае искрено да ги покаже своите емоции. Склони се кон убавите и ретки работи и се добри декоратори. Со вистинските луѓе знаат да бидат добри пријатели, а со погрешните, најголеми непријатели. Како карактерни маани им се издвојуваат неодлучноста, тоа што не знаат што сакаат и што можат да очекуваат од себе, тоа што многу трошат и што понекогаш можат да бидат невротични.

Познати личности родени во знакот на Вага: Алфред Нобел, Мигел де Сервантес, Франц Лист, Еленор Рузвелт

Скорпија

Мистериозни, понекогаш депресивни, успешни во динамичните работи. Неверојатно привлечни, многу љубоморни, импулсивни и ја обожаваат одмаздата. Склони на кршење и деструкција на себе и на сите околу нив. Како маана им се издвојува тоа што често знаат да уживаат во пороците. Ракот и Скорпијата се непобедлива комбинација, а со Бикот ја достигнуваат чистата страст.

Познати личности родени во знакот на Скорпија: Леон Троцки, Пабло Пикасо, Марија Кири, Кристофер Колумбо

Стрелец

Филозоф, безгрижен, луд возач, често коцкар и општ хазардер. Никогаш не се откажува, ниту пак сака да признае кога ќе направи грешка. Нивниот збор мора секогаш да биде последен, но често знаат и мудро да молчат. Не ја сакаат конзервативната природа, максимално се отворени и склони кон дебатите. Веруваат повеќе во науката и фактите, отколку во некоја виша сила. Со нив е многу тешко да се соработува.

Познати личности родени во знакот на Стрелец: Марк Твен, Волт Дизни, Џими Хендрикс, Френк Синатра

Јарец

Материјалисти, тврдоглави, своеволни, можат да бидат одлични математичари или програмери. Ако се согласат да направат некоја работа, ќе ја сработат до совршенство. Ги прифаќаат само цврстите докази за која било тема, посебно духовноста, и е тешко да ги разубедите. Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а понекогаш знаат и туѓите успеси да си ги припишат на свое име.

Познати личности родени во знакот на Јарец: Исак Њутн, Ал Капоне, Мартин Лутер Кинг Џуниор, Умберто Еко, Молиер

Водолија

Паметни, понекогаш скоро генијални, сестрани со променлив карактер и плитки емоции. Генерално добри пријатели, но луѓето знаат да им замерат поради нивната искреност и отвореност. Сакаат да се шегуваат, понекогаш знаат и да навредат, но способни се да бидат и хумани. Од една страна се алтруисти, а од друга страна знаат да бидат и злобни.

Познати личности родени во знакот на Водолија: Линколн, Томас Едисон, Џејмс Дин, Галилео

Риби

Може да се каже дека сите знаци се обединети во знакот на Рибите. Се соочуваат со кризи на идентитетот, дивергентност која предизвикува една поделеност на сите страни, контрадикторност и најсилно изразено променливо однесување. Интелигентни, генијални, немилосрдни и неверојатно добри тактичари. Од сите знаци, астролозите велат дека Рибите имаат најголема веројатност да станат ладнокрвни убијци.

Познати личности родени во знакот на Риби: Ајнштајн, Нострадамус, Мојсеј, Шопен, Микеланџело, Коперник


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар