Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“

Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“

Не е секогаш лесно да се најдете на иста бранова должина со колегите и со вашите претпоставени на работа. Доколку работите во поголема компанија, веројатно сте опкружени од многу луѓе со најразлични карактери и ставови. Многу често се случува да немате заеднички јазик ниту со вашиот шеф, а тоа може да биде особено стресно за вас. Но, запомнете дека никој не е совршен и можеби токму вие со вашето однесување предизвикувате одредена реакција од околината или од вашиот претпоставен.

(1) Причини поради кои можеби шефот ве „мрази“ според вашиот хороскопски знак

Овен

Вие сте големи перфекционисти, секогаш фокусирани на деталите, до тој степен, што можете да ги забележите дури и најмалите грешки на вашиот претпоставен. Тоа кај него/неа може да создаде чувство на несигурност. Затоа, не чудете се ако вашиот шеф секогаш од вас бара да ги прегледате неговите/нејзините извештаи и презентации, пред некои поважни состаноци.

Бик

Вие редовно имате причина или изговор за секоја работа. Доколку вашиот шеф ви упати одредена критика, секогаш му одговарате со поставување предизвици, затоа што тоа го сфаќате премногу лично. Кога добивате забелешка од вашиот шеф, вие не молчите туку „го возвраќате ударот“.

Близнаци

Вие многу се смеете и се шегувате во канцеларијата, а често и си разговарате со колегите. На тој начин, вие сте тие што сето внимание го привлекувате кон себе. Вашиот шеф, кој не е толку „кул“ како вас, се чувствува фрустрирано и вознемирено затоа што знае дека нема да има мир додека работи, сè додека сте вие во неговата близина.

Рак

Кога станува збор за работното место, Раковите знаат да бидат многу чувствителни. Не ретко се случува мал коментар да предизвика лоши емоции кај вас, па дури и да предизвика по некоја солза да се стркала по вашето лице. Шефот, во тие моменти не знае како да се справи со таквите реакции, па затоа избегнува директно да разговара со вас. Кога треба да ви се пренесе некоја не толку добра вест, обично го праќа вашиот најблизок колега да го стори тоа наместо него.

Лав

Вие секогаш го засенувате вашиот шеф во групата во којашто работите, како и на презентациите, поради тоа што зрачите со самодоверба и имате исклучително квалитетни комуникациски вештини. Клиентите најверојатно почесто сакаат да работат со вас, отколку со вашиот шеф и тие се воодушевени од вашата личност. Шефот дефинитивно чувствува дека неговата позиција во компанијата му е загрозена токму од вас.

Девица

Вашиот шеф не ве мрази и веројатно не може да ве мрази затоа што вие совршено се вклопувате на вашето работно место и секогаш работите понапорно од останатите колеги. Тој или таа најверојатно се потпира на вас за 90 проценти од работата и вие сте најверојатно неговата/нејзината омилена личност.

(2) Причини поради кои можеби шефот ве „мрази“ според вашиот хороскопски знак

Вага

Вие секогаш сте толку релаксирани, смирени и присебни, што го тера шефот да се запраша колкав е вашиот ентузијазам околу работата и колку сериозно ги сфаќате вашите задачи. Толку сте тивки, поради што вашиот претпоставен многу често помислува дека воопшто и не се грижите за вашата работа.

Скорпија

Вашиот шеф најверојатно го мрази вашиот став „јас знам сè“. Тој или таа можеби си помислува дека имате намера да го заземете неговото/нејзиното место во компанијата (што можеби и е вистина). Вие сте многу интелигентни и со силен натпреварувачки дух, па дури и со вашиот шеф. Секогаш пред колегите и пред клиентите се обидувате да докажете дека знаете многу повеќе за работата и за животот, воопшто.

Стрелец

Вие сте познати по тоа што барате многу слободни денови поради патувања. Вашиот шеф често се прашува како успевате да си ја завршите работата на време и покрај тоа што голем дел од времето не сте во канцеларија, туку на некоја планина, на некоја карпа, на некое егзотично место… Шефот смета дека вие немате доволен баланс меѓу работата и приватниот живот, затоа што му изгледа дека многу повеќе „живеете“ отколку што работите.

Јарец

Вие ги преминувате вашите граници, и тоа во голема мера. Многу сте избувливи и тврдоглави. Многу често знаете да влезете во конфликт со вашиот претпоставен, доколку вашите идеи не биле земени предвид. Вашиот шеф често се чувствува недоволно почитуван/а од ваша страна и смета дека единствено самостојно сакате да ги завршувате работните задачи.

Водолија

Вие никогаш не ги следите правилата. Вашиот шеф не може да го прифати фактот дека никогаш не ги завршувате работите како и останатите соработници. Вие секогаш ги правите работите на еден сосема поинаков и неконвенционален начин. Шефот за вас мисли дека треба да имате сопствен бизнис, каде што нема да имате надредени, затоа што никогаш не сакате некој да ви кажува што и како да работите.

Риби

Вие секогаш доцните. Во канцеларија, на состаноци, на закажаниот ручек со вашиот шеф. Ретко се појавувате на време, поради што претпоставениот не може да се потпре на вас, затоа што не знае дали ќе се појавите точно на време. Многу често го доведувате во ситуација во ваше име да се извинува на клиентите, кои дошле пред вас на закажаниот состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар