3-те најсекси хороскопски знаци: Нема да можете да ги оттргнете рацете од нив!

3-те најсекси хороскопски знаци: Нема да можете да ги оттргнете рацете од нив!

Момци и девојки, ако имате некој од овие знаци покрај вас, тогаш сигурни сме дека вашата врска изобилува со страст. Нивното либидо е на високо ниво, тие се секогаш расположени за флерт и забава и ќе се погрижат да имате оргазам (или повеќе) за време на секој сексуален однос. Зарем има нешто подобро од тоа?

3-te-najseksi-horoskopski-znaci-nema-da-mozhete-da-gi-ottrgnete-racete-od-niv

1. Скорпија

Да бидеме реални, Скорпиите знаат да бидат малку страшни. Тие можат да ве „боцнат“ побрзо отколку да ви кажат „здраво“. Но не постои дилема дека има нешто жешко кај нив. Тие се полни со мистерија, па затоа е интересно тоа што се застрашувачки. Тие изобилуваат со сексуална енергија. Најпознати се по покажувањето љубов преку сексот, што значи дека се динамити во спалната соба. И покрај тоа што не ги бива за ништо што треба да се средува со целосна облека, тие без сомнеж ќе ви предизвикаат оргазам со секој сексуален однос.

2. Стрелец

Тие се најголемите додворувачи во астрологијата, па ако не внимавате ќе ви го украдат срцето дури и ако немале таква намера. Најчесто не ни сфаќаат дека флертуваат и освојуваат, бидејќи едноставно имаат неверојатна способност сите да ги натераат да се чувствуваат посебно. Кога некој Стрелец ќе ви зборува, вам нема да ви се верува дека сте му го привлекле вниманието па ќе бидете толку понесени од неговите зборови што нема ни да забележите кога ќе се заљубите. Нивното либидо е високо, па лесно се возбудуваат – затоа е толку жешко и забавно да се биде со Стрелец.

3. Риби

Зарем постои друг хороскопски знак што е толку понесен од фантазијата колку Рибите? Секако дека не. Тие се многу креативни и постојано мечтаат. Кога ќе запознаете Риби во хороскоп, веднаш ќе знаете дека има нешто специјално кај нив, бидејќи ќе чувствувавте како да сакате да ги поминете сите будни моменти во нивна близина. Исто како и Стрелците, така и тие поседуваат природна способност за флерт и најчесто се многу топли и љубезни.  Тие се вистински љубовници, во секоја смисла на зборот!

Хороскопските знаци и сексот: Девицата сака акробации, Лавот орален секс…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар