3-те хороскопски знаци за кои овој април ќе биде најлошиот месец од годината

Изгледа како 2019-та година да минува навистина брзо. На прагот е и четвртиот месец од годината, кој нема да биде баш најдобар за овие 3 хороскопски знаци. Сепак, нема потреба да се плашите бидејќи универзумот никогаш не ви приредува повеќе отколку што можете да поднесете. Па, погледнете зошто април ќе биде најлошиот месец од годината за следниве хороскопски знаци.

3-те хороскопски знаци за кои овој април ќе биде најлошиот месец од годината

1. Бик

Важно е да знаете дека сè ќе биде во ред. Сонцето ќе патува низ вашата 12-та куќа на утехата и кармата, па немојте да се изненадите доколку треба да се ослободите од нешто или ако треба да простите некому. Без разлика што ќе се случи, ова е вашата можност да оставите нешто во минатото. Ова е шанса да одморите пред да започне вашата сезона, а одморот ќе ви биде навистина потребен.

2. Девица

Не заборавајте дека не постои ништо што е совршено. Покрај тоа, кога последен пат сте одвоиле време за себе? Секогаш се потребни денови за одмор на менталното здравје. Бидејќи сонцето патува низ вашата 8-ма куќа на сексот, трансформација и заедничките ресурси, овој период ве очекуваат долгорочни промени. Немојте да се спротивставувате и немојте да се плашите да бидете ранливи.

3. Јарец

Што прави да се чувствувате безбедно? Со сонцето во вашата 4-та куќа на домот, семејството и емоциите, веројатно ќе се чувствувате малку интровертно. Ова значи дека повеќе ќе сакате да минувате време сами со себе, во удобноста на вашиот дом, наместо да се опкружувате со луѓе. Од друга страна, вашата владејачка планета го започнува нејзиниот ретрограден циклус, па овој месец ќе треба да размислите за некои работи побрзани со вашата сегашна структура и основа.

Прочитајте го и вашиот месечен хороскоп за април 2019-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар