За сите креативни срца: Декоративните рачно изработени теглички и шишиња на Елена и Маја

Запознајте ги Елена Левковски, креаторот на Инстаграм профилот познат како @jarandflowers и девојката што ги изработува теглите и шишињата што ги гледате на него, од самото боење и лепење на коноп, па сè до декорациите, и Маја Продановска, којашто ја наполнува нејзината работа со проширени иновативни изработки на камчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Декоративни Теглички МК (@jarandflowers) on

1. Како дојдовте до идејата да почнете да изработувате декоративни теглички и колку време се занимавате со ова?

Елена: Почнав да правам декоративни теглички и шишенца уште пред 4 години. На почетокот целта ми беше да ги изненадам најблиските со уникатен подарок што не можат да го купат во локалните продавници и пошироко, па така започна целата приказна сè додека не дојде првата нарачка од пријатели и познаници на моите роднини.

Маја: Идејата ни помина низ глава сосема случајно, додека седевме на кафе. Се договоривме со брзината на светлината. Бидејќи и двете сме креативни и имавме слободно време, решивме да пробаме најпрво да ги изработуваме овие теглички и шишенца за нас и за луѓето околу нас. Не ни претпоставуваме дека би прераснало во бизнис за толку кратко време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Декоративни Теглички МК (@jarandflowers) on

2. Кажете ни нешто повеќе за вашиот креативен бизнис. Кој имал влијание на вашите изработки, што се стремите да постигнете и каков е вашиот план за иднината?

Сѐ уште сме мали, но растеме полека. Забележуваме дека и во нашата држава има потенцијал за изработка и продажба на креативни рачни изработки, а интересот за нив постојано расте. Нашите планови за иднината се да претставиме уникатни подароци за секоја прилика, но и предлози и идеи за уникатно декорирање тераси, тремови и дворни места за седење и уживање со пријателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Декоративни Теглички МК (@jarandflowers) on

3. Можете ли да ни објасните како изгледа процесот на создавање, од замислата, до потрагата по материјали и самата изработка на тегличките?

Елена: Инспирацијата за изработка на декоративните теглички ја добивам од секојдневието, често ми доаѓаат добри идеи додека пијам кафе во маалското кафуле. Се случува клиентите да нарачаат дизајн кој веќе сме го продале, па правиме сличен затоа што секоја теглична е уникатна сама по себе, но има и такви кои имаат своја замисла и желба, па се трудиме максимално да го испочитуваме нивното барање и да бидат задоволни. Нема поголема радост за нас од тоа кога ќе добиеме фотографија од продадена тегличка која си го нашла „својот дом“ и придонела за нечиј простор да изгледа поубаво.

Маја: Процесот најпрво започнува во мојата глава, каде што креативното делче ја завршува целата работа создавајќи ја крајната слика за тоа како треба да изгледа. И потоа доаѓа полесниот дел – а тоа е да се избои и залепи. Немам недостаток на идеи и инспирација, бидејќи ја црпам буквално од секаде. И потрагата по материјали денес е лесна, особено затоа што најчесто користам материјали коишто си го завршиле својот дел и се наменети за рециклирање.

4. Елена, која е твојата улога во изработката на тегличките? Маја, што изработуваш ти?

Елена: Јас ги изработувам теглите и шишињата, од самото боење и лепење на коноп, до декорациите. Маја ме надополнува со проширени иновативни изработки цртани и боени на платно со лепени обоени камчиња. Исто така јас сум одговорна и за нашиот Инстаграм профил.

Маја: Искрено, Елена е повеќе задолжена за тегличките. Јас најчесто се појавувам со по некоја идеја, и во форма на работна сила, кога има многу нарачки, а краток временски рок. Мојот дел е давање ликови на камчињата. Понекогаш тоа е поединечно, а понекогаш и цела приказна. Како и да е уживаме во „играњето со боите“ и создавањето наша уметност.

5. Колку е важно да се има Инстаграм профил за креативен бизнис како вашиот? И како оваа социјална мрежа влијае на развивање на бизнисот?

Инстаграм значително ни помага да ја оствариме комуникацијата со нашите купувачи и обожаватели затоа што претставува еден вид галерија каде што можеме да ги изложиме нашите дела. Мислам дека и на купувачите им е многу поедноставно затоа што со фотографија можат да ни ја објаснат својата желба. Многу ни пишуваат дека сме им го разубавиле денот со прекрасен дизајн, и токму тоа е целта и самата поента на Инстаграм. Сите ние го следиме тоа што ни се допаѓа, а тука можам само да им се заблагодарам на сите кои секојдневно го следат нашиот профил @jarandflowers.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Декоративни Теглички МК (@jarandflowers) on

6. И за крај, дали можете да издвоите по една тегличка за чија изработка сте најгорди досега?

Елена: Тешко е да се одлучам за една, затоа што сите изработки ми се драги и се гордеам со нив. Мора да признам дека најмногу ме радуваат оние кои веќе се вклопуваат во уредувањето и декорот на една дневна соба, тераса, трем или двор. За мене најважно е да одговара на амбиентот и да се наполнува на останатиот инвентар.

Маја: Јас сум горда буквално после секоја завршена тегличка или камче. Особено кога им се допаѓа и на другите исто колку и мене. Ама дефинитивно омилена ми е првата слика, којашто откако ја завршив, ја покажував и барав мислење од моите блиски без притоа да им кажам дека јас ја направив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Декоративни Теглички МК (@jarandflowers) on

Обожавате да читате? Запознајте ги и Александар и Александра кои градат прекрасна Инстаграм заедница за сите љубители на книгите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар