Вешти илустрации со негативен простор

Вешти илустрации со негативен простор

Тешко е да одлучите да се откажете од својата редовна работа за да почнете да го живеете својот сон. Дизајнерот Јау Хунг Танг ја донел оваа тешка одлука, на која и претходело едно убаво изненадување. Откако станал инженер, Танг лесно можел да си го продолжи животот по многу постабилен пат. Тој се занимавал со дизајн само од хоби, но еден ден победил на онлајн натпревар за дизајн на маици, што му дало сигурност и храброст дека ќе може да живее и да заработува од илустрации. За овој момент од својот живот, тој вели дека бил најголемиот ризик што некогаш го направил.(1) Илузии, надреализам и негативен просторВо последните четири години тој креира илустрации, кои всушност претставуваат илузии со елементи на надреализам и примена на негативен простор. Негативниот простор е дел од сликата кој не е зафатен со форми и често е занемарен. Цртежите со негативен простор подразбираат концентрација и фокусирање на позадината на сликата, оставајќи го главниот субјект бел или празен. Noma Bar е ултимативниот господар на оваа уметност од поново време.(2) Илузии, надреализам и негативен простор.

„Уживам во уметноста искреирана од илузии, бидејќи таквата уметност има моќ да нè доведе во заблуда. Во нашите животи се потпираме на видот, а сепак тоа е многу кревка потпора, затоа што лесно може да се изманипулира“ – објаснува Танг.

Ви претставуваме неколку од неговите најдобри дела. Внимателно погледнете ги и ќе забележите колку лесно може да се изгубите во неговите „умни“ илустрации.(3) Илузии, надреализам и негативен простор(4) Илузии, надреализам и негативен простор(5) Илузии, надреализам и негативен простор(6) Илузии, надреализам и негативен простор(7) Илузии, надреализам и негативен простор(8) Илузии, надреализам и негативен простор(9) Илузии, надреализам и негативен простор(10) Илузии, надреализам и негативен простор(11) Илузии, надреализам и негативен простор(12) Илузии, надреализам и негативен простор(13) Илузии, надреализам и негативен простор(14) Илузии, надреализам и негативен простор(15) Илузии, надреализам и негативен простор(16) Илузии, надреализам и негативен простор


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар