Убавината на колоритните лондонски влезни врати

Фотографката Бела Фоксвел ја овековечува убавината на Лондон што многумина воопшто не ја забележуваат. Нејзиниот профил на Инстаграм, соодветно насловен Вратите на Лондон (The Doors of London), вклучува разнобојна колекција на фасади што се толку впечатливи, што ќе помислите дека се направени на сцените на филм од Вес Андерсон.

Започнувајќи од улиците на Нотинг Хил, па сè до градбите во Брикстон, големата колекција на Фоксвел веќе заработила над 38 илјади следбеници кои со нетрпение ја чекаат следната објава. Погледнете дел од нејзините најдобри фотографии и уживајте во една сосема поинаква, колоритна страна на Лондон.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар