Тајната на среќниот живот е уживање во малите нешта: Разговор со инстаграмџиката Ана-Марија Арџанова

Ана-Марија Арџанова е талентирана инстаграмџика која ќе ве освои со своите фотографии! Таа со фотографирањето си одвојува време за самата себе и сака да го пренесува на своите следбеници сето тоа што го доживува, споделувајќи ја со нив љубовта кон патувањето, вежбањето и храната. Но, кога таа не патува и не прави фотографии, ѝ посветува време на својата пасија кон медицината. Во моментов, таа е студентка на 5-та година по општа медицина. Продолжете со читање доколку сакате да ја запознаете подобро оваа инстаграмџика, како и да уживате во нејзините фотографии…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

1. Твојот Инстаграм профил изгледа одлично! Колку време ти е потребно за да подготвиш една фотографија и како изгледа целиот тој процес – од осмислување на сцената и фотографирање, до обработката и објава?

Првото нешто што ме привлече кај фотографирањето е тоа што фотографиите остануваат засекогаш исти, без разлика дали местото или луѓето на самата фотографија ќе се сменат. Времето поминува, но моментот овековечен во фотографијата останува како мил и убав спомен. Пред секое фотографирање се трудам да најдам локации кои лично најмногу ми се допаѓаат и го опишуваат мојот стил на живеење, но често го користам и Инстаграм како инспирација.

Времетраењето е релативно за секоја фотографија и зависи од самиот момент и од креативноста. Меѓутоа континуираната посветеност кон ова хоби, сама по себе си го намалува процесот на избор на цитат и филтер. Една од омилените апликации за обработување на фотографии, и таа што најчесто ја користам е VSCO, бидејќи ми го дава тој „ВАУ“ ефект кој јас лично го посакувам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

2. Забележав дека обожаваш да патуваш. Да можеш да одбереш 3 места на оваа планета каде што би посакала да ги поминеш наредниве 3 дена, каде би отишла? И како би изгледале фотографиите што би ги направила за да ги одбележиш овие авантури на Инстаграм?

Обожавам да патувам и секогаш се трудам да најдам што повеќе време за тоа бидејќи ме исполнува. Со помош на патувањата сум стекнала многу нови искуства, пријателства и инспирации што инаку не би можела да ги најдам.

Искрено, секаде би шетала, бидејќи секоја нова дестинација има своја убавина, но ако би морала да издвојам 3 места, тоа би биле Рио де Жанеиро, Њу Делхи и Бали. Самите овие места би ми биле совршена инспирација за убава фотографија на Инстаграм, но најмногу би гледала да ја опфатам нивната специфична убавина од моја гледна точка, како и луѓето и духот на градовите. Како што би кажал Џон Стејнбек: „Луѓето не одат на патувања, патувањата ги водат луѓето.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

3. Покрај прекрасните пејзажи, тоа што најмногу се издвојува на фотографиите се твоите модни комбинации. Дали будно ги следиш новите трендови или едноставно го одбираш она што сметаш дека најдобро ти стои?

Во денешно време скоро сите ја следиме модата, новите трендови и сè она што е „ин“ и „аут“. Но сепак добриот стил се сочинува од облеката и додатоците што самите ги одбираме и ги комбинираме заедно. Затоа јас секогаш гледам да се држам до својот стил, со мали примеси и исклучоци согласно локацијата на којашто се фотографирам, притоа размислувајќи и на тоа што најдобро ми стои на мојот тип тело со цел да се чувствувам убаво. Секогаш сум сакала да имам интересни додатоци како што се накит, очила, чанта и слично. И секогаш гледам тие да се совпаѓаат со остатокот од облеката. Исто така удобноста на облеката може да биде пресуден индикатор за добра фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

4. Сите ние уживаме во добро подготвен и вкусен оброк, но понекогаш, без никакви очекувања, наидуваме на ресторан што тотално ќе нè изненади со своето мени. Дали и ти си имала вакво искуство на твоите патувања?

Тој дел ми е омилен, бидејќи постојано сум спремна и сакам да експериментирам со храна. Во принцип никогаш не сум одбирала сигурна варијанта од менито и секогаш сум ги нарачувала најнеобичните јадења, за да бидам (пријатно) изненадена од сите различни вкусови. Имајќи го ова на ум, морам да издвојам едно јадење што досега најмногу ме изненади…

Тоа беше во Берлин, пред 4 години, каде што бев во еден многу убав индиски ресторан и јадев „Baby Shark Curry“. Пред да го пробам овој деликатес малку се двоумев, но откако го пробав си реков зашто никогаш досега не сум го нарачала, бидејќи беше највкусното нешто што сум го вкусила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

5. Разгледувајќи ги твоите објави на Инстаграм наидов на прашање што си им го поставила на своите следбеници: „Кога бил последниот пат кога си направил/а нешто за прв пат?“ Прочитав многу интересни одговори, но не го забележав твојот. Ќе сакаш да ни го одговориш ова прашање сега?

Одвреме-навреме ни се случува нешто што длабоко влијае на нас, а можеби дури и ни ја менува целата перцепција за нашиот живот. Ако има едно нешто или едно искуство што сум го направила за прв пат, кое би им го препорачала на сите ако имаат можност, е да пливаат со делфини бидејќи според мене не постои поубаво доживување. Како што вели Хелен Келер: „Животот е или смела авантура или ништо.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

6. Тајната на среќниот живот без сомнение е уживањето во малите нешта. Во што ти најмногу уживаш на дневна база и што би им препорачала на нашите читатели да пробаат од овие мали задоволства, со цел да направат позитивна промена во својот живот?

Без сомнение тајната на среќниот живот е уживањето во малите нешта. Јас најмногу уживам кога денот ќе ми помине со моето семејство и со моите најблиски пријатели, затоа што не постои поголемо богатство од нив. Исто така, еден мал совет што би можела да ви го препорачам е моето 24-часовно правило, односно секогаш да кажувате како се чувствувате во моментот и никогаш ништо да не чувате во себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana-Marija Ardzanova (@anamarija_ardzanova) on

Уживајте во снежната зимска магија и со фотографиите на инстаграмџиката Ксенија Деспотоска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар