Столче кое ќе ве натера да балансирате и да ги затегате мускулите

Столче кое ќе ве натера да балансирате и да ги затегате мускулите

Автор: Сара Пренк


Се сеќавате на оние денови кога како мали се држевте за маса, па балансиравте на задните две ногарки од столчето? Јас се сеќавам дури и на оние сите пати кога паѓав.

1-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk

Со ова столче буквално нема да седите спокојно. Звучи малку мазохистички, но токму балансирањето е целта на овој дизајн. Направено од француската дизајнерка Беноа Малта, столчето треба да предизвика „поднослив дискомфорт“.

2-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk 3-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk

Според некои статистички податоци, постојат наоди дека седењето го скратува животниот век, но пак спротивно на тоа, стоењето со саати е исто така штетно. Овој дизајн ни нуди „златна средина“. Столчето „Inactivité“ има само две ногарки, па кога седнувате на него автоматски сте приморани активно да одржувате баланс. Самиот процес на балансирање ни ги активира мускулите на нозете и стомакот, па можеби е добро решение за оние кои немаат многу време за физичка активност.

4-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk 5-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk

Како што кажува и самата дизајнерка: „Ова столче предлага поинаков начин на седење.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар