Пријатен и ведар апартман со автентични детали

Барате инспирација за уредување на домот? Тогаш погледнете го овој колоритен скандинавски апартман во Гетеборг, со софистицирани декоративни елементи. На вкупна површина од 114 метри квадратни, станот се состои од три спални, голема дневна соба, кујна и тоалет. Огромен број од употребените детали во просторот датираат од почетокот на 20-от век, кога впрочем и зградата била направена. Тие заедно со оригиналниот под, високиот таван, вратите со огледала и традиционалниот камин, апартманот го прават автентичен, а сепак толку модерен.

(0) prijaten-i-vedar-apartman-so-avtentichni-detali-kafepauza.mk

Самата дневна соба едноставно зрачи со светлост и ведрина. Голем акцент е ставен и на бојата, која доминира кај уметничките слики, дел од мебелот и декоративните елементи. Оригиналноста на лустерот само го зголемува интензитетот на убавите чувства, што ве обземаат гледајќи го овој дом. Балконот на крајот пак е одлично место за утринското кафе, нудејќи поинакво урбано доживување и простор за пријатно уживање и размислување.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нe на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар