Прекрасна вила на швајцарските Алпи

Прекрасна вила на швајцарските Алпи

За оние кои се љубители на планините и снегот, оваа прекрасна вила сместена на швајцарските Алпи ќе претставува вистински рај за очи. Оваа фантастична зимска резиденција се наоѓа во пејзажното село Цермат, Швајцарија и нуди неодолив поглед кон врвот Матерхорн.

Прекрасна вила на швајцарските Алпи

Вилата е наречена „Zermatt Peak“ или „Врвот на Цермат“, а се наоѓа во близина на центарот од селото. До неа се пристигнува преку приватен влез или преку тунел со лифт. Во неа има 5 луксузно опремени спални соби со купатила, голема кујна, дневна соба, библиотека, винарска визба, соба за скијачка опрема и велнес-центар кој го зафаќа целото приземје.

Прекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските Алпи

Вкупната површина на просториите изнесува 778 квадратни метри, на кои се придодаваат уште дополнителни 120 од балконите.

Прекрасна вила на швајцарските Алпи

Велнес-центарот вклучува соба со пареа, сауна, џакузи и фитнес-сала. Вилата функционира како хотел, па така таа може да биде изнајмена, но има можност и да биде купена за цена од 22 милиони американски долари.

Прекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските Алпи

Досега во оваа вила имаат гостувано многу познати личности помеѓу кои Мадона, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, дел од членовите на познатото италијанско семејство Ањели и многу други.

Прекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските Алпи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар