Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни

Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни

Дали сте знаеле дека во Финска за куќите кои не зафаќаат простор поголем од 12 метри квадратни нема потреба да барате дозвола за градба? Робин Фалк ја дизајнирал и изградил оваа малечка модерна куќичка во 2010 година. За него овој проект претставувал остварување на еден долгогодишен сон. Тој се консултирал со неколку архитекти и целата куќичка ја завршил за помалку од две недели. Недостасувале само прозорецот и вратата, но и тие пристигнале после некоја недела.

Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни

Тој ја крстил куќичката „Nido“, што значи птичјо гнездо на италијански. Куќичката е распослана на само 9 квадратни метри, од кои половина е спалната. Големиот прозорец обезбедува доволно дневна светлина и прекрасен поглед кон отворено небо, кој е особено спектакуларен ноќно време кога небото е полно со ѕвезди. Таа се наоѓа на брегот на едно езеро, а целата негова околина е фантастична. За изработка на оваа куќичка Робин одвоил 10.500 американски долари.

Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.