Невообичаени и креативни саксии што ќе го разубават вашиот дом

Невообичаени и креативни саксии што ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК!)

Растенијата не само што ги разубавуваат собите и градините, туку и го прочистуваат воздухот. Ако сте љубител на домашните саксиски цвеќиња, сигурно посветувате внимание и на самите саксии во кои ги чувате омилените растенија. Погледнете ги овие неверојатни саксии кои ги изработува Тамара од студиото Con Home и пронајдете го вашето омилено парче декор кое ќе му даде уникатен изглед и посебна убавина на просторот.

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

1. Што ве инспирираше да го создадете брендот „Con home“?

На почетокот, идејата да се направи нешто од бетон ни се чинеше апсурдна, затоа што во глобала овој материјал се користи само во градежни цели. Инспирирани од разни статии и веб-сајтови, решивме да пробаме. И започнавме… Милион фрлени предмети, илјада искршени, испукани, суви и распарчени производи и сто неуспешни експерименти. Но не се откажавме и по некое време почнавме самоуверено да добиваме квалитетен производ.

2. Како изгледа процесот на изработка на саксиите? Има ли некои фактори што влијаат на квалитетот на крајниот производ?

Современите архитекти имаат измислено нов пристап кон производство на бетон, кој се нарекува архитектонски бетон. За разлика од вообичаениот, тој е помазен и пријатен на допир. Таквиот бетон остави голем впечаток кај нас и затоа решивме подобро да го запознаеме. При подготовката на бетонот, важно е да се разбере дека крајниот квалитет многу влијае на секоја компонента. Потребно ни беше време и малку трпение за да го пронајдеме идеалниот рецепт. Во процесот на создавање внимателно следиме како бетонот станува силен и се грижиме да не апсорбира вишок влага. Во исто време, се фокусираме да нема нечистотии, кои можат да го расипат изгледот или да влијаат на здравјето на растенијата во саксиите.

3. Каква е реакцијата на публиката? Дали добивате нарачки за саксии како подарок?

Публиката е воодушевена од нашите производи, затоа што се несекојдневни и уникатни. Нашите саксии се одличен подарок за спротивниот пол.

4. Зошто сукулентите и кактусите се толку популарни? Дали причината е поради нивниот уникатен изглед и голема издржливост?

Сукулентите и кактусите едноставно го исполнија целиот интернет и ги освоија нашите срца. Отпрвин тие привлекуваат внимание со нивниот необичен изглед, а кога ќе откриете колку се скромни – разбирате дека сакате да ги имате во вашиот дом.

5. Кој е процесот за нарачка и како може да ве контактираат заинтересираните купувачи?

Работиме онлајн, заинтересираните купувачи можат слободно да ни пишат на нашите профили на Фејсбук или Инстаграм, а ние ќе им ги доставиме до нивниот дом.

Интервју: Ана Ќурчиевска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар