Моќни и надреални автопортрети

Моќни и надреални автопортрети

Рејчел Баран е 20-годишна фотографка, која работи во САД, чиј неверојатен талент може да се забележи на овие прекрасни надреални и моќни автопортрети, кои веќе освоија илјадници луѓе насекаде.

Моќни и надреални автопортерти

Најдоброто кај оваа артистка е што постојано еволуира во работата и експериментира со различни стилови. Некои од нејзините слики се темни, затворени, мачни, а други пак се полни со младешка живост и среќа. Но, најважното од сѐ е што сите се неверојатно креативни и одлично изработени.

Нејзините дела се резултат на фотоманимулација или спојување на повеќе фотографии во една, а на нејзината страница на Фејсбук можете да го следите процесот на работа за покомплексните дела.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар