Mал апартман во Менхетн полн со топлина и женственост

Дизајнерите Линдзи Босвел и Али Левин од LABLstudio при уредувањето на овој апартман, сместен во Менхетн, прават одличен спој меѓу земјените тонови и ненадејните изблици на јаки бои, произведувајќи дом кој е релаксирачки, топол и неверојатно женствен.

(0) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk

Тие велат: „При уредувањето на апартманите особено важно е да создадете одделни делови за дневен простор, спиење, забава итн., дури и ако сите се дел од една соба. Секогаш кога имаме можност, се трудиме да го направиме тоа.“

(1) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk

Особено важно е тоа што парчињата мебел во овој животен простор може да се користат за повеќе намени, благодарејќи на идеите на дизајнерите. На пример, масичката поставена меѓу двата прозорци може да служи како место за вечерање, работно биро или за шминкање и средување, со оглед на поставеноста на огледалото. Полицата над креветот пак е уште еден паметен начин на максимално искористување на и онака малиот простор. Доколку трагате по идеи, погледнете ги сликите и инспирирајте се!

(2) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (3) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (4) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (5) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (6) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (7) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (8) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (9) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар