Магичниот минијатурен свет на жабите

Магичниот минијатурен свет на жабите

Фотографот кој стои позади овие прекрасни и магични фотографии е талентираната Вил Мејер од Холандија. Овие слатки тропски жаби имаат посебно место во нејзиното срце. И покрај тоа што голем број луѓе ги сметаат за штетници, таа успева да ни ги покаже во едно сосема поинакво светло. За својата таа работа вели:

„Јас сум многу мала и во мојата работа исто така сѐ е мало. Го обожавам макрофотографирањето и се обидувам од секоја фотографија да направам еден мал сон.“

Магичниот минијатурен свет на жабите

За жал овој вид жаби моментално спаѓа во загрозените видови, особено во Западниот свет поради сите промени во климата и загадувањето на водата. Токму затоа Мејер се надева дека со својата работа ќе успее барем малку да им помогне на овие водоземни животни. Којзнае, можеби токму таму се наоѓа принцот кој го чека вашиот бакнеж! 🙂



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар