Креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе

Скоро секоја куќа или стан има и тераса. Но, многу често овие мали бесценети простори се запуштени и претворени во неуредно складиште за сите оние непотребни нешта за кои нема место во вашиот дом. Во секојдневието кога стресот скоро и да не може да се избегне, човекот има исклучително важна обврска да се опушти на место каде што ќе има мир и каде што безгрижно ќе може да го испие своето кафе или пак, да помине малку време со добра книга во своите раце. Без разлика колку е голема терасата во вашиот дом, таа го заслужува вашето внимание. За да го уредите ова бесценето место, не ви се потребни многу пари и време, туку само малку инспирација и труд…

Природни материјали

(1) Креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе

Човекот отсекогаш бил врзан за природата, па токму затоа и постојано се навраќаме кон неа кога имаме потреба да се полниме со животна енергија. Користењето природни материјали на вашата тераса дополнително ќе стимулираат удобност, бидејќи на момент ќе ве одведат далеку од смогот, гужвата, градската врева и брзиот живот.

Столици и места за седење

(2) Креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе

Поголемиот дел од вас сигурно имате мал балкон, кој собира најмногу две столици. Но, тоа не значи дека не можете убаво да го уредите. Обрнете внимание на материјалите со цел да можете да ја направите онаа атмосфера која најмногу ве смирува. Доколку сте од оние среќници кои имаат голема тераса, тогаш можеби би можеле да додадете и кауч или фотелји кои ќе му дадат чувство на удобност на овој магичен простор. Тајната е во деталите. Вие секогаш можете да ги освежите оние маса и столици кои веќе ги имате, па и да додадете по некоја перница или ќебиња во различни бои.

Растенија во саксии

(3) Креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе

Овие растенија се одличен додаток за вашата тераса. Внимавајте нивната големина да биде прилагодена на просторот, со цел да не го пренатрупате или згушите. Избегнувајте ги пластичните саксии бидејќи во нив коренот на растенијата послабо дише.

Не заборавајте на осветлувањето

(4) Креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе

Љубителите на романтиката, со малку креативност, можат да си поиграат со свеќи чија правилна распореденост ќе ви овозможи доволно светло за одморање или пиење чаша вино во мир.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар