Колоритни цртежи од соништата ни ги покажуваат најголемите метрополи од нова перспектива

Маја Вронска е позната по своите прекрасни цртежи кои изгледаат како сцени од соништата. Во својата најнова колекција таа ги претставува најголемите градови ширум светот во една колоритна и необична перспектива. Започнувајќи од Сиетл, па сè до Амстердам, Вронска употребува водени бои, пастели, а понекогаш и кафе за да ги создаде овие креативни уметнички дела кои се инспирирани од нејзината љубов кон архитектурата и патувањето. Таа веќе има изградено кариера како архитект, но уште во деновите додека студирала започнала со цртање, користејќи го нејзиното знаење за планирање и дизајнирање на згради како основна инспирација за нејзините дела.

Колоритни цртежи од соништата ни покажуваат нова перспектива врз најголемите метрополи

Њујорк




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар