Калифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долари
Овој нов современ дом е лоциран во елитната населба Бел-Еир, која се наоѓа на падинините во Вестсајд, Лос Анџелес, Калифорнија. Резиденцијата е распослана на површина од 1.400 метри квадратни и овозможува луксузен и удобен начин на живот. Во неа има 6 спални соби, 10 бањи, раскошна дневна соба, елегантна трпезарија, киносала, библиотека, винарска визба и прекрасна кујна.
Со својот бесконечен базен, од кој имате фантастичен поглед кон Лос Анџелес и гостинската куќичка, овој елитен имот има сѐ што човек може да посака, а вреди скромни 30 милиони долари.













Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
