Во земјата на чудата: Бајковита розова куќа со градина за еднорози што може да се изнајмува

Во земјата на чудата: Бајковита розова куќа со градина за еднорози што може да се изнајмува на Airbnb

Несекојдневна и невообичаена, оваа куќа не можете да ја видите на друго место! Розовата куќичката со градина за еднорози е главна атракција во британскиот град Типтри, а за да изгледа вака, нејзината сопственичка Еми Грифит потрошила десет години за да ја реновира. Тоа е долг период, но крајниот резултат навистина воодушевува.

Како во земјата на чудата: Розе куќичка со „еднорог“ градина што може да се изнајмува

Како би изгледало кога Барби и Донатела Версаче купат заедничка куќа во земјата на чудата? Можеби токму онака како уникатно уредената розова куќа чијашто сопственичка им ја изнајмува на оние што имаат подлабоки џебови. 43-годишната Англичанка Еми Грифит во текот на десет години ја претворила оваа оригинално обична куќа во екстравагантно бајковито царство кое ги привлекува љубопитните луѓе од целиот свет. Куќата може да се изнајми за вртоглави 162 илјади денари за една ноќ на Airbnb, а една од досегашните гости била и пејачката Иги Азалеа.

Како во земјата на чудата: Розе куќичка со „еднорог“ градина што може да се изнајмува

„Преферирам да купувам половни работи затоа што тие веќе имаат приказна и толку многу карактер, па затоа и природно сум привлечена од ваква историја“, објаснува Ејми. „Јас сум опседната со правење работи па затоа и имам вложено толку многу труд.“

Ејми вели дека секоја соба ѝ е омилена поради различни причини, но дека ја гледа целата куќа како едно парче и целосно искуство.

„Како артист, привилегија ми е да создадам нешто на олку големо ниво и го ценам секојдневно.“

Баш како во земјата на чудата, се согласувате?

Како во земјата на чудата: Розе куќичка со „еднорог“ градина што може да се изнајмува

Како во земјата на чудата: Розе куќичка со „еднорог“ градина што може да се изнајмува

Како во земјата на чудата: Розе куќичка со „еднорог“ градина што може да се изнајмува

Погледнете ја и оваа неверојатна куќа инспирирана од бајките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар