Како да го направите балконот да биде релаксирачко место за пиење кафе во зима?

Цела пролет и цело лето, па дури и добар дел од есента поминувате на балконот и ги впивате сончевите зраците или се обидувате да вдишете барем малку свеж воздух, но штом дојдат постудените денови, заборавате дека постои овој дел од вашиот дом. Но, треба да ја промените оваа навика затоа што балконот во зимските месеци може да биде идеално место за пиење на утринското кафе или за опуштање по напорниот ден на работа. Со овие неколку совети како да го уредите, вашиот балкон може да ја добие улогата што ја заслужува дури и во зимските месеци.

1. Оставете ги ламбичките

Како да го направите балконот да биде релаксирачко место за пиење кафе во зима?

Пократките денови бараат да ги вклучите светилките порано, а наместо да ги приберете во кутија ламбичките со кои го украсивте домот за време на празниците, украсете го балконот со нив. На пример, ставете ги покрај оградата. Освен што вашиот балкон ќе изгледа убаво, ламбичките ќе ви овозможат романтична атмосфера кога ќе одлучите да се пикнете под ќебе и да уживате во свежиот воздух.

Како да го направите балконот да биде релаксирачко место за пиење кафе во зима?

Осветлувањето е многу важно за време на зимскиот период, а ако не сте љубител на ламбичките, друга опција се фенерите.

2. Ќебиња

Како да го направите балконот да биде релаксирачко место за пиење кафе во зима?

Зимата значи и ниски температури, па излегувањето на балконот не е лесно како во потоплите месеци. За да не замрзнете, набавете топли ќебиња што ќе ги користите за престој на балконот.

3. Декоративни перници

Како да го направите балконот да биде релаксирачко место за пиење кафе во зима?

Освен што ќе изгледаат убаво на мебелот на вашиот балкон, украсните перници ќе ви помогнат да ви биде потопло.

4. Растенија

Како да го направите балконот да биде релаксирачко место за пиење кафе во зима?

Иако многу растенија не ги поднесуваат зимските температури, има такви кои можат да ги издржат сите услови. Ако немате растенија на балконот, набавете неколку што се отпорни на ниските температури.

5. Топол тепих

Најголемиот проблем при престојот на балконот во текот на зимските месеци е студот. Друг детал што може да го ублажи овој проблем е топлиот тепих што ќе го направи вашиот престој на балконот уште попријатен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots)

Погледнете ги трендовите во уредувањето на домот во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар