Интимни портрети кои ќе ве допрат до душата

Кога Кристина Хоч не е зафатена со студирање биологија на Универзитетот Гранада во јужна Шпанија, 21-годишната фотографка прави неверојатно моќни портрети од нејзините најблиски. Со помош на уникатен висок контраст и ниско ниво на сатурација засилено со студени бои, фотографиите на Хоч се прекрасна игра помеѓу природната светлина и сенките на лицето на нејзините субјекти, чии очи гледаат некаде во далечината или директно во фотоапаратот.

Интимни портрети кои ќе ве допрат до душата

Фотографиите на Хоч се издвојуваат поради фокусот на очите. Знаејќи дека човековиот поглед може да ги пренесе емоциите кои ги чувствува, таа ги изострува и осветлува очите и потребните фацијални експресии во обработката на фотографиите. Резултатот е разоткриен поглед кој не само што покажува длабоки емоции, туку изгледа и како да ги допира гледачите директно во душата. Хоч за својата работа вели:

„Она што сакам да го покажам преку моите фотографии е скриената убавина на реките, шумата, погледот, морето, празните и отворени простори, пегите, едноставните детали кои мојот фотоaпарат не може да ги пропушти и се обидувам да го пренесам ова, најмногу, преку портретите.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар