Донесете ја Италија на вашиот балкон!

Дали посакувате да го поминете летово во Тоскана, но нема можност да ви се оствари вашата желба? Не грижете се, имаме добри вести за вас! Можете да создадете италијански амбиент на вашиот балкон или тераса. Ви гарантираме дека ќе се чувствувате како да сте на одмор во Фиренца.

Па, како да го уредете балконот во италијански стил? Доколку сакате да ја преуредите терасата или балконот, не мора да купувате нов мебел. Промената во декорот е брзо и евтино решение. Тајната, нормално е во деталите. Погледнете ги следниве предлози и претворете го вашиот балкон во оаза на релаксација во италијански стил.

Шарени перничиња

Перничињата се едноставен и евтин начин да се внесе летна боја во која било просторија. Одберете бои кои асоцираат на сонцето. Најдобро е да комбинирате неколку вида. На пример, перничињата со шарени пруги се комбинираат со еднобојни модели, каде што бојата е иста како на пругите.

2pominete-go-letoto-vo-italijanski-sti

Чадор со италијански пруги

Италијанскиот брег е исполнета со сини и бели пруги – на облеката, палубите и секако на чадорите. Ставете ваков акцент на вашиот балкон и веднаш во вашите мисли ќе ви се појави плажа.

Градинарски ламби

Стаклените ламби со придушено жолто светло се заштитен знак на италијанските ресторани. Посакувате ли за момент да заборавите дека се наоѓате во Македонија? Поставете ги на терасата, нарачајте пица и сипете си чаша црвено вино.

Летни коктели во големи чаши

Не постои ништо поедноставно од правењето коктели! Наполнете мраз во една голема чаша, додајте 40 милилитри бел вермут, една лажичка лимон или лимета и сипете тоник. Коктелот е готов!

Гледајте филм на отворено

Италијанците обожуваат кино за време на жешките летни ноќи. Доколку сте во можност и поседувате проектор за филм – погрижете се да направите кино на отворено!

Цвеќе на маса во глинени саксии

Италија има многу природни градини, во кои доминира жолтата и црвената боја. Доколку сакате да постигнете сличен ефект, на масата поставете букет шарени цвеќиња во голема грнчарска саксија. Можете и да посадите сопствено маслиново дрво, кое ќе го чувате во вашиот дом за време на студените денови.

Подгответе вечера заедно

Италијанците сакаат кога заедно поминуваат време во кујната. Ништо не ве спречува да го прифатите овој убав обичај. Музика во позадина, убаво друштво, ладни пијалаци – тоа нема да ви претставува напор, туку дополнителна забава.

Прочитајте и кои 6 работи треба да ги избегнувате ова лето!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар