Динамични фотографии ја покажуваат грациозноста на танчерите

Динамични фотографии ја покажуваат грациозноста на танчерите

Танчерите имаат способност да скокнат во воздух и да ги наместат своите тела грациозно, притоа одржувајќи ја својата совршена форма. Токму овие нешта се снимени на неверојатните фотографии направени од фотографот Ерик Солитис. Сите фотографии се пред празна и бела позадина, а силуетите се истакнуваат со елегантен контраст додека заземаат динамични позиции и поминуваат низ тешки рутини, дозволувајќи му на Солитис да направи фотографија во совршениот момент.


Динамични фотографии ја покажуваат грациозноста на танчерите

Движењата на танчерите на прв поглед изгледаат толку лесно, како тие тоа да го прават без никаков труд и покрај физичките предизвици кои се кријат позади комплицираните пируети, арабески или стоење на врвот од прстите.

Погледнете ја оваа одлична и динамична колекција од фотографии која ја покажува неверојатната уметност на танцот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Ако веќе сте се фатиле да пишувате статии треба барем да знаете дека „танчери“ се пишува „танчари“

Остави коментар