Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

Пеперутките најчесто споделуваат само еден краток момент од нивната убавина со нас. Токму во моментот кога ќе започнеме да им се восхитуваме на нивните неверојатни бои и шари, тие ќе ги рашират нивните крилја и ќе си одлетаат некаде. Самоукиот фотограф Адам Гор е студент по биологија во Унгарија, а неговата работа е фокусирана на овековечување на убавината на овие минливи суштества. Специјализирајќи се во природна макрофотографија, тој патува ширум државата за да прави фотографии од разни прекрасни видови пеперутки коишто одвреме-навреме одмораат на растенијата, понекогаш и во парови.

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

Во фотографските дела на Гор можат да се сретнат разни видови пеперутки, на коишто одблизу се гледаат нивните воодушевувачки дизајни. На секоја од фотографиите можат јасно да се видат живописните бои на крилјата на пеперутките, коишто ни овозможуваат да уживаме во секој најситен детаљ од структурата на овие суштества: нивните долги, наведнати антени и крилјата коишто се прелеваат во разни бои. Од овие фотографии можеме да заклучиме дека страста на Гор, е токму фотографирањето на природата.

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

„Фотографијата почна да ме интересира уште од 2000-та година, кога имав само 6 години и ја имав мојата прва Никон компактна дигитална камера. Потоа, во 2007 година имав бриџ камера од Панасоник, којашто беше многу голем напредок во однос на мојата претходна камера. Во овој период од животот започнав многу посериозно да се занимавам со фотографија, а пеперутките и ноќните пеперутки станаа мојата главна тема.“

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

И покрај тоа што Гор фотографира речиси цел свој живот, тој и понатаму се смета себеси за аматер. Исто како и многу други фотографи, тој потенцира дека користењето професионална опрема не мора да значи дека ќе направите добри фотографии, туку многу поважна е прецизноста на уметничкото око.

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

„Ние, фотографите, мораме секогаш да се стремиме да ги правиме најдобрите фотографии во согласност со нашите моментални познавања и ние секогаш се обидуваме да прикажеме нешто ново и да им го покажеме на гледачите начинот на којшто ние го доживуваме светот како фотографи.“

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Прочитајте и за овие 19 прекрасни трансформации на пеперутки и молци

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар