5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Напуштањето насилен партнер може да биде многу потешко одошто повеќето луѓе мислат, особено ако во игра се и деца. Со цел да ја одбележат својата суперхеројска сила, литванското движење „Жени зборуваат“ побарало од 5 жени кои моментално живеат под нивна заштита во кризниот центар, да позираат облечени како суперхерои.

(1) 5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Целта на кампањата е да се поттикнат што поголем број жени кои живеат во исти или слични услови да ги преземат нештата во свои раце и да се изборат против партнерот кој не ги заслужува, покажувајќи им дека не се сами. Погледнете ги нивните моќни пораки…

(2) 5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Едита, мајка на 6 деца, го напуштила својот насилен партнер: „Можеби дури и ќе се кандидирам за претседател.“

„Вие никогаш не треба да прифаќате понижување или да трпите насилство. Постои многу поинаков живот таму надвор – посветол, поубав, полн со надеж. Ние сме посилни од мажите. Јас навистина верувам дека секогаш постои златна средина и решение за секој проблем.“ – Едита

(3) 5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Елена, мајка на 3 деца, го напуштила својот насилен партнер: „Јас не сум жртва, јас сум воин.“

„Вие ќе ја вратите вашата самодоверба веднаш штом излезете од насилната врска. Многу жени кои доаѓаат во кризните центри поминале низ физичка злоупотреба. Но, постои и психолошко насилство. И понекогаш тоа е полошо затоа што е потешко да се справите со невидливите последици кои ги предизвикува.“ – Елена

(4) 5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Кристина, мајка на 2 деца, го напуштила својот насилен партнер: „Зборувајте гласно.“

„Колку подолго живеете во насилна околина, толку потешко ќе можете да излезете. Но, никогаш не е предоцна да си одите, дури и ако имате 5 деца.“ – Кристина

(5) 5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Зита, мајка на 2 деца, го напуштила својот насилен партнер: „Јас повеќе не сум жртва.“

„Постојат жени кои го поминуваат целиот нивен живот во насилни врски. Тие ги обвинуваат другите, се жалат, самите се претвораат во жртви. Преземете нешто! Понекогаш највисоко можете да се искачите откако ќе удрите во дното.“ – Зита

(6) 5 жени кои преживеале домашно насилство ја покажуваат својата сила преку моќни фотографии

Викторија, мајка на 5 деца, го напуштила својот насилен партнер: „Жената не е предмет.“

„Во првиот момент кога вашиот партнер ќе биде насилен, искажете го гласно вашето мислење и споделете го тоа што се случило со вашето семејство и пријателите. Жената не е предмет, таа не треба да се потпира на мислењето на другите луѓе за неа. Таа може да каже „НЕ“ за насилството и да одбие да биде жртва.“ – Викторија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар