Науката открива: Кои се 10-те главни уништувачи на врската?

Ви се случило ли некогаш да бидете одбиени или оставени, а да немате поим зошто се случило тоа? Понекогаш причините се и повеќе од очигледни, а некогаш веројатно правите работи кои го одбиваат партнерот без да бидете свесни за тоа. Една студија објавена во списанието „Personality and Social Psychology Bulletin“ ни ги открива 10-те најчести уништувачи на врските што не се толку сериозни и 10-те уништувачи на подолгорочните врски.

Науката открива: Кои се 10-те главни уништувачи на врската?

10-те главни уништувачи на несериозни врски:

  1. Здравствени проблеми или полово преносливи болести
  2. Непријатен мирис
  3. Лоша лична хигиена
  4. Ако еден од партнерите е во брак или друга врска
  5. Ако во моментот еден од нив се гледа со повеќе луѓе
  6. Проблеми со контролирање на гневот и насилство
  7. Не е добар/добра во кревет
  8. Не е привлечен/привлечна
  9. Ако е еден од нив расист и полн со предрасуди
  10. Тој или таа не води грижа за себе

10-те главни уништувачи на сериозни врски:

  1. Проблеми со бесот и насилство
  2. Еден од нив се гледа и со други луѓе
  3. Не може да му/ѝ се верува
  4. Ако еден од партнерите е во брак или друга врска
  5. Здравствени проблеми или полово преносливи болести
  6. Зависност од дрога или алкохол
  7. Не е внимателен/внимателна и грижлив/а
  8. Не постои заинтересираност за потребите на партнерот
  9. Лоша лична хигиена
  10. Непријатен мирис

Од овие резултати може да се заклучи дека и во двата случаи она што најмалку се толерира се здравствените проблеми, лошата лична хигиена и проблемите со контролирање на бесот. Но, сепак не постои идеален прототип на партнер кој совршено би одговарал за секого. Она што е одбивно за некого, може да биде привлечно за некој друг. На пример, луѓето што се соочуваат со здравствени проблеми, полово преносливи проблеми или имаат историја на зависност од дрога, може подобро да се сложуваат со луѓе кои поминале низ истото и можат подобро да ги разберат.

Науката открива: Кои се 10-те главни уништувачи на врската?

Исто така, особините како импулсивност (карактеристика која не влегува во првите 10, но сепак се смета за еден од честите уништувачи на врските според истражувањето) можат да бидат многу одбивни за некој кој сака стабилност во животот, но силно да ги привлечат оние на кои сакаат повеќе возбуда. Во вториот случај тие не реагираат импулсивно, туку едноставно се спонтани.

Приоритетите може да се менуваат во зависност од тоа што барате од врската. Личната хигиена може и да не ви претставува толкав проблем, доколку сè друго кај партнерот е во ред.

Запаметете дека и покрај тоа што некој може да изгледа совршено и да ги исполнува сите услови, сепак најважно е како вие се чувствувате кога сте заедно. Немојте да бидете со некого само затоа што не можете да му најдете маана, а да одбиете некој друг со кого ви е поубаво поради недостаток на една работа од листата на нешта што ги барате кај партнерот. Заборавете на сите правила и дозволете гласот на срцето да ви биде главниот водич при изборот на идниот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар