Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашноста
Пред стотина години, кога 21-от век изгледал многу далеку, група француски уметници направиле серија слики на кои ја прикажале својата визија за столетието во кое сега живееме.

Сликите настанале помеѓу 1899 и 1901 година, а некои покасно до 1910 година. Благодарение на занимливите слики може да се види дека луѓето пред повеќе од 100 години имале навистина развиена фантазија кога била во прашање иднината. Така на сликите скоро сите луѓе можат да летаат благодарение на механички крилја, додека жените веќе не ги извршуваат домашните задачи како готвење и чистење, бидејќи тоа го прават роботи, кои ги замениле дури и фризерите.


Некои од нивните слики навистина се оствариле, како борбите со авиони на небото. Таа слика е направена во 1899 година, а дека овие уметници навистина успеале да ја предвидат иднината, говори фактот дека првиот авион полетал дури во 1903 година.













Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
