Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
Ова интересно видео преку неколку фотографии направени од телескопот Хабл, ни покажува како ќе се променува нашето ноќно небо во текот на наредните 7 милијарди години. Веќе е добро познато дека Млечниот Пат ќе се „судри“ со галаксијата Андромеда за околу 4 милијарди години од сега и тоа целосно ќе го промени нашиот поглед кон ѕвездите. Но, дали Земјата ќе преживее толку долго за да биде сведок на овој фасцинантен настан?
i
Земјата, како планета има големи шанси да преживее до тогаш, но животот на неа – најверојатно не. Астрономите велат дека осветлувањето од нашето Сонце постојано, но полека се зголемува и со тоа се зголемува и соларната радијација. За околу 4 милијарди години од сега драстично ќе се зголемат температурите на Земјата и има голема можност да се создаде ефектот на стаклена градина (би имало слични услови како оние кај нашиот сосед Венера). Температурите би биле толку високи, што дури и металот би се топел. Во секој случај, кој и да биде во можност да го следи овој настан – ќе има спектакуларен поглед на ноќното небо.

Денешното ноќно небо

2,12 милијарди години

3,75 милијарди години

3,84 милијарди години

3,91 милијарди години

4,15 милијарди години

7 милијарди години
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























Ubavo.
Лошо :S