Одберете ги боите кои ѝ прилегаат на вашата кожа

Одберете ги боите кои ѝ прилегаат на вашата кожа

Многу важно при избирањето на вистинските бои е одредувањето на онаа која на личноста најмногу ѝ прилега. Пронајдете се во типовите на кожа кои се наведени подолу и погледнете кои бои вам најдобро ви прилегаат.

Видовите кожа на луѓето може да се поделат според годишните времиња:

Зима

Кожа која е бледа, жолтеникаво-маслинеста или темна – луѓето со ваква кожа најчесто се бринети, со интензивна боја на очите. Тука спаѓаат и Афроамериканците и Азијците.

Доколку се пронаоѓате во описот, треба да носите бои кои се чисти, остри и силни. Бела, црна, морнарско сина, црвена и вжарена розе боја одлчино одговараат на ваков тен. Се препорачува да се носат повеќе ладни бои, отколку пастелни нијанси. Избегнувајте ги портокаловата, беж и златната боја.

Одберете ги боите кои ѝ прилегаат на вашата кожа

Лето

Кожа која е бледа и розеникава – оваа кожа е најкарактеристична за русокосите и бринетите со светли очи.

Оние кои се пронаоѓаат во оваа група треба да ги одберат пастелните и меките неутрални бои, комбинирајќи ги розевите и сините нијанси. Лаванда, слива, розе, кафена и сина се бои кои се препорачуваат, додека црна и портокалова треба да се избегнуваат.

Одберете ги боите кои ѝ прилегаат на вашата кожа

Есен

Тука спаѓаат луѓе со златести тонови на кожата. Оваа категорија е карактеристична за црвенокоси и бринети со потемна боја на очите.

Носете златна, кафена, беж, портокалова и темно кафена боја. Одбегнувајте ги сите нијанси на сино.

Одберете ги боите кои ѝ прилегаат на вашата кожа

Пролет

Кожа која е во боја на праска и крем. Тука спаѓаат луѓе кои имаат пеги, румени образи, зелени и сини очи и светли бои на косата.

Оние кои се најдоа во оваа група треба да носат топли бои, како златна, жолтеникава, златно-кафена и боја на праска. Треба да одбегнуваат темни, досадни бои.

Одберете ги боите кои ѝ прилегаат на вашата кожа

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.