6-годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко му
Неколку денови откако Дру дознал дека татко му боледува од многу ретка форма на рак, решил да направи сè што може за да му помогне со медицинските сметки. Тој поставил штанд за продавање лимонада во дворот пред неговата куќа. Покрај штандот наместил знак на кој пишувало „Ве молам помогнете му на тато, 25 центи за лимонада“.
На почетокот оваа идеја изгледала како многу мала работа и никој не се надевал дека 6-годишно дете би можело да собере многу пари со продавање лимонада. Но, за големо изненадување на сите, веста брзо се раширила и почнале да се појавуваат многу луѓе. За само неколку часа имало редици од коли околу целиот блок каде што живеел Дру, а до крајот на денот тој успеал да собере околу 10.000 долари за татко му.
„Тој е толку многу важен за мене, обожаваме да бидеме заедно поголемиот дел од времето. И двајцата сакаме да играме игри…“
Тој сакал да му помогне на татко му за да можат и во иднина да продолжат да поминуваат време заедно. Оваа неверојатна приказна е само уште еден доказ дека ништо не е невозможно. Сé што е потребно за голем успех е добра идеја, трпеливост и верување во себе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
