Киндер бајадера

Киндер бајадера

Вкусен десерт, погоден за секој ден

Киндер бајадера

Потребни состојки за црниот крем:
  • 150 г шеќер
  • 100 мл вода
  • 50 г чоколадо за готвење
  • 125 г маргарин
  • 150 г мелени бисквити
  • 150 г мелени ореви
Потребни состојки за белиот крем:
  • 125 г маргарин
  • 200 г млеко во прав
  • 200 г шеќер
  • 50 мл вода
Начин на подготовка:

За подготовка на црниот крем, најпрво ставете ја водата на оган и во неа додадете ги шеќерот, чоколадото и маргаринот. Откако ќе добиете хомогена смеса, во садот додадете ги мелените бисквити и оревите. Земете една тава, обложете ја со проѕирна фолија и сипете ја смесата, распоредувајќи ја рамномерно.

За подготовка на белиот крем, на оган ставете ги водата и шеќерот и постојано мешајте, дур не добиете густ шербет. Во друг сад со миксер убаво помешајте ги маргаринот и млекото во прав и пополека почнете да го додавате шербетот, притоа мешајќи со миксерот. Белиот крем веднаш додадете го врз црниот, рамномерно распределен.

За декорација, можете да стопите уште 20 грама чоколадо и да ги истурите врз белиот дел од бајадерата. Откако бајадерата убаво ќе се олади, исечете ја на коцки и уживајте во нејзиниот вкус.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.