Реални мисли од „надреалниот“ Салвадор Дали
Прочитајте дел од цитатите на легендарниот шпански сликар и протагонист на надреализмот Салвадор Дали, кои ја потврдуваат неговата генијалност, но и ексцентричноста…

„Рајот не е горе на небото, туку во срцето на човекот.“
„Кога жената на мажот му купува кошула, тогаш таа е заљубена во него. Кога ја пегла, тоа значи дека е мажена. Ако пак, за време на пеглањето пее, тогаш таа е и едното и другото.“
„Интелигенција без амбиција е птица без крилја.“
„Постојат денови кога помислувам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.“
„Има само една разлика помеѓу мене и луд човек. Лудиот мисли дека е нормален, јас знам дека сум луд.“
„Оние кои не сакаат ништо да имитираат, тие ништо и не прават.“
„Секое утро кога ќе се разбудам, најмногу му се радувам на сознанието дека јас сум Салвадор Дали.“

„Или е лесно или е невозможно.“
„Луѓето разбираат многу малку работи, особено оние образованите. Им недостасува култура. Ја сум самоук.“
„Иронијата е неопходна естетска компонента на мислењето.“
„Термометарот на успехот е завидливоста на злонамерните соперници.“
„Почитувам секакви убедувања, пред сè оние кои не се совпаѓаат со моите.“
„Уметник не е оној којшто се инспирира, туку оној кој инспирира.“
„Политиката е вицот на историјата.“

„Надреализам, тоа сум јас.“
„Скромноста не е мојата најголема доблест.“
„Не мачете се да бидете модерни. За жал, тоа е нешто, кое што и да правите, не можете да го избегнете.“
„Разликата помеѓу лажните и вистинските сеќавања е иста како кај накитот. Оној што изгледа најреално, најбрилијантно, секогаш е лажен.“
„На шест години сакав да бидам готвач, на седум Наполеон. Оттогаш мојата амбиција постојано расте.“
„Ми се допаѓа вкусот на парите. Тој не е ништо помалку од мистицизам. Парите се слава.“
„Јас не сум чуден. Јас само не сум нормален.“
„Чесноста во уметноста е цртањето. Таму не постои можност за мамење. Или е добро или е лошо.“
„Дали е бесмртен, тој никогаш нема да умре.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
