10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени
Автор: Боро Мирчески
Првиот впечаток кој може да го оставиме било да станува збор за средба со пријател, девојка или момче или пак со потенцијален работодавец е од особена важност. Пристојното облекување може да ви отвори многу врати, а со тоа да ве направи да се чувствувате посамоуверено, погордо и секако посреќно.
Кога говориме за убаво облекување, не говориме дека облеката на вас мора да чини неколку илјадници денари. Токму спротивното! Под убаво или пристојно облекување се подразбира да бидете облечени соодветно за пригодата на која присуствувате, во чиста и убаво испеглана облека и најважно од сè, во облека која вам најпригодно ви одговара.
Постојат низа причини зошто е препорачливо секогаш да сте убаво и пристојно облечени, а ние ви одвојуваме 10 проверени, кои и тоа како ви одат во прилог.

1. Убаво облечените луѓе може многу полесно да добијат зголемување на платата од 5 до 10 проценти. Според истражувањето „Убавината и пазарот на труд“ објавено од Националното биро за економски истражувања во САД, луѓето кои се привлечни и притоа соодветно облечени на работното место, уживаат премија на својата плата од најмногу 10 проценти, за разлика од нивните колеги кои се помалку убаво облечени за време на работата.
2. Ако сте тргнале на интервју за работа и притоа сте убаво облечени, бидете сигурни дека ќе бидете издвоени од „морето“ на пријавени кандидати за вашата омилена работна позиција. Личниот впечаток кој го оставате кај потенцијалниот работодавец е од особена важност за премин од првиот круг во вториот.
3. Ако се вработувате во некоја компанија и притоа сте убаво облечени, имате за 20% поголема шанса за повисока стартна плата од некој кој претендира за истото работно место, а се облекува несоодветно.
4. Доколку треба да држите говор или презентација, бидете убедени дека е задолжително да бидете убаво облечени. Тоа е доказ дека ќе ја зголемите вашата убедливост во тоа што го кажувате, а на слушателите ќе им биде подраго истовремено да ве слушаат, но и да ве гледаат.
5. Соодветната облека и тоа како може да ви го зголеми личниот кредибилитет без разлика дали станува збор за деловно или приватно поле.

6. Секако дека облеката не е никаков доказ дека подобро облечените луѓе имаат подобар деловен или личен перформанс. Сепак, и пристојната облека и атрактивноста носат и некои негативни последици. Некои американски истражувања покажуваат дека луѓето имаат поголеми очекувања за одредени работи од убаво облечените и атрактивни индивидуи, отколку од оние кои се помалку атрактивни и понесоодветно облечени.
7. Пристојното облекување е причина за зголемување на личната самодоверба.
8. Убавата облека која вам најугодно ви прилега може и да ве направи посреќни. Потсетете се колку пати сте се насмеале кога наутро сте се погледнале во огледало и сте си се допаднале како изгледате.
9. Убаво облечените луѓе оставаат многу подобар впечаток кај спротивниот пол.
10. Доколку изгледате пристојно, многу е поголема веројатноста да имате и поголем број познаници и пријатели.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
