16 универзални закони
Автор: Вера Мартиноска
Можеби не ги паметите наизуст Њутновите закони, но овие закони сигурно ќе ве потсетат на одредени ситуации во кои сте се нашле, а сте посакале да не е така. Сурови и на моменти драконски, ова се дел од универзалните закони. Добро е да знаете дека не сте единствените на кои им ѕвони телефонот додека се во бањата и дека космосот ги има однапред регулирано овие работи за вас, така што не треба да се грижите. Слободно може да се опуштите, но сепак внимавајте на законот на веројатноста.

1. Закон на механичко поправање – Откако сте ги извалкале вашите раце со масло, носот ќе почне да ве чеша и ќе ви се оди во тоалет.
2. Закон на гравитацијата – Секоја алатка, завртка, навртка, клинец, кога ќе ви падне, ќе се истркала до најнепристапниот ќош.
3. Закон на веројатноста – Веројатноста дека некој ве гледа е правопропорционална со глупавоста на тоа што во моментот го правите.
4. Закон на случајните броеви – Ако свртите погрешен број, никогаш не е зафатено и секогаш некој одговара.
5. Закон на алибито – Доколку му кажете на шефот дека доцните на работа затоа што ви се дупнала гумата, веќе следното утро навистина ќе ви се дупне гумата.
6. Закон на варијацијата – Ако го смените редот во кој чекате (лента во сообраќај, на каса во супермаркет или на шалтер во банка), редот којшто сте го напуштиле секогаш ќе се движи побргу од оној во кој сте сега (секогаш!).
7. Закон на бања – Кога целосно ќе се потопите со вода, ѕвони телефонот.
8. Закон на блиските средби – Веројатноста да сретнете некој познаник, драматично се зголемува кога сте со некого со кој не сакате да бидете видени.
9. Закон на резултатот – Кога сакате да му докажете некому дека одредена машина не работи, таа проработува.
10. Закон на биомеханиката – Интензитетот со кој некое место ве чеша е обратнопропорционален со достапноста на тоа место.

11. Закон на театарот и стадионот – На секој настан, луѓето чии седишта се најдалеку од коридорот пристигнуваат последни и тие неколку пати ќе станат за да си земат храна, пиво или да одат во тоалет и ќе си заминат порано, пред крајот на претставата или натпреварот. Додека пак, оние кои седат покрај коридорот доаѓаат навреме, никогаш не стануваат, имаат долги нозе или големи стомаци и остануваат до самиот крај на изведбата, а можеби и повеќе. Овие луѓе се најчесто и груби.
12. Закон на кафето – Штом ќе седнете да си испиете едно топло кафе, вашиот шеф ќе ви рече да направите нешто што ќе трае толку долго, колку што ќе му треба на кафето да се олади.
13. Марфиев закон на шкафчињата – Ако има само двајца во соблекувалната, ќе имаат шкафчиња кои се наоѓаат едно до друго.
14. Закон на логичниот аргумент – Сè е можно, ако не знаете за што зборувате.
15. Вилсоновиот закон на комерцијалната маркетинг стратегија – Штом најдете производ што навистина ви се допаѓа, ќе престанат да го произведуваат.
16. Закон на докторот – Ако не се чувствувате добро, додека да стигнете на доктор, веќе ќе се чувствувате подобро.
Во колку од овие закони се пронајдовте? Имате ли некои амандмани на горенаведените закони? Или можеби ќе споделите некој ваш, а сепак универзален закон?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
