Ова е листа на извонредни фотографии од животни, сите сликани во текот на изминатава година. Некои од нив се тажни, други необични, трети радосни… Но, погледнете ги, сите се интересни 🙂
Мајмун во Индонезија кој му ја украл камерата на фотографот и направил автопортрет. Овој тип мајмун е загрозен вид со што ја прави оваа фотографија драгоцена. (кликнете за целосната приказна)Момче си игра со маче додека татко му гради засолниште во Лас Мајас, Каракас, Венецуела, 31 мајИстражувачи облечени во панда-костими како дел од програмата за повторно запознавање на животните со средината. Ова мало мече се пренесува во Центарот за заштита Хетаопинг, 20 февруари.Куче по име Леaо седи покрај гробот на својата сопственичка која починала при лизгање на земјиштето во Бразил.Транспорт на црн носорог во Јужна Африка. Ова е дел од програмата за релоцирање на црните носорози во средини што се помалку населени за да имаат поголеми шанси за опстанок.Спасување на овца на фарма во Вермонт по пустошот и поплавите на ураганот АјринАфриканска желка во Словачката зоолошка градина со 2 глави и 5 екстремитетиИрис си го лиже своето 7-неделно малечко во сибирската зоолошката градина во градот КраснојарскДевојка со своето куче, стои покрај својата поплавена куќа во ТајландПожарникар од Мисула, Монатана му дава кислород на маче по спасување од пожар12 малечки панди лежат во креветче во Истражувачкиот Центар Ченгду во Кина4-месечно повредено куче брка мачка во дворот на засолништето на малтретирани животни во Полска. Чиучија била тепана од сопствениците и оставена на железничка пруга. Иако била прегазена неколку пати од воз, сепак за чудо успеала да преживее.„Френк и Луи“ се најстарите нераздвоени мачки во светот кои се преживеани. Имаат 12 години и поседуваат 2 усти и 2 носа, но 1 мозок.Лавот Тајсон за време на стоматолошки зафат во ветеринарна клиника во Меделин, Колумбија2-годишниот шимпанзо Дуду го храни малото тигарче Аорн кое е старо 60 дена. (кликнете за целосната приказна)Чувар во зоолошка градина држи во рака 9 месечно сираче орангутан кое си игра со кукла.Горилата Урузи од Берлинската зоолошка градина јаде зелена салата.Мало девојче спасува јагне на фарма во Исланд каде по ерупцијата на вулканот Гримсворт, целиот регион бил во пепел и прашина.Мечето Медо си игра со кученце во селото Подврх во централна Словенија.Бебе делфинче со сè уште приврзана папочна врвца било најдено во близина на градот Монтевидео во Уругвај. За среќа спасувачките организации успеале да го спасат.Куче ѕирка низ прозор како што жената се приближува кон вратата во древниот град Бахтапур во близина на главниот град на Непал.Лавицата Ариел со нејзината негувателка во животинско засолниште во Сао Паоло, Бразил. Ариел има болест од која веќе во последната година не може да ги употребува нозете.