Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебе

Мајмуните се најблиските роднини на луѓето, имаат слична генетика, но очигледно не се однесуваат исто како мајките од човечки вид. Мораме да признаеме, воопшто не е секојдневна појава да се види нешто толку пријатно и чудно во исто време!Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебеВо текот на минатиот викенд, двегодишното шимпанзо Дуду е видено како му дава да пие млеко на шеесетдневното бебе-тигар Аорн, во тајландската крокодилска фарма и зоолошка градина Самут Пракан. Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебеДуду и Аорн се чувствуваат сосема природно еден до друг и најверојатно мислат дека се крвно поврзани. Секој си ја зазема „природната“ улога: тигарот е гладно новороденче, на кое му е потребна заштита и нега, а шимпанзото облеано со своите мајчински инстинкти, внимателно го храни малечкото со шише со млеко. Аорн со задоволство си цица млеко од шишето, а Дуду нежно го држи во нејзините раце, како да се мајка и дете.Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебеМајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебе

Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебе

Дуду пивнува малку од млекото за да се осигури дека температурата е добра за новороденото тигарче.

Оваа крокодилска фарма е дом на 80.000 крокодили и е најголема во Тајланд, поради што се користи како атракција за туристи. Нејзините сопственици тврдат дека го држат под закрила најголемиот крокодил, кој е долг неверојатни 6 метри, а тежок 1.118 килограми. На редовните шоуа со крокодили, чуварите од зоолошката градина, ја ставаат нивната рака во устата на овие влекачи. Сепак, во оваа фарма не живеат само крокодили, туку како што е очигледно и мајмуни и тигри, како и слонови, лавови, коњи и нилски коњи.Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебе

Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебе

Од некои необјасниви причини Дуду носи кратки фармерки, најверојатно за да си ги заштити нозете од канџите на тигрето.

Мајмунка и тигарче се однесуваат како мајка и бебеПогледнете во видеово како шимпанзото кое има силен мајчински инстинкт, си игра со бебето-тигар.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Smiley Reply

    Срцки :)

Остави коментар