Лесен летен оброк: Салата со целер, ореви и јаболко

Лесен летен оброк: Салата со целер, ореви и јаболко

Освен што се прави брзо, оваа освежителна салата содржи голем број хранливи материи.

Лесен летен оброк: Салата со целер, ореви и јаболко

Потребни состојки:

  • 60 грама ореви
  • 8 стапчиња млад целер, исечени дијагонално
  • 1 поголемо јаболко
  • 3 лажици сок од лимон
  • 2 лажици пармезан
  • 60 мл маслиново масло
  • лута пиперка, сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени.

Ставете хартија за печење на плехот за печење, а потоа посипете со ореви. Печете ги во рерна 8-10 минути. Оставете ги да се изладат, па исечкајте ги.

Во сад измешајте ги целерот, листовите од целер, оревите, исечканото јаболко и сокот од лимон. Зачинете по вкус.

Додајте ги пармезанот, маслиновото масло и лутата пиперка.

Погледнете го овој рецепт за кремасти тестенини подготвени за половина час.