Рецепт за микелада - мексикански коктел што лади и гори во иста голтка

Рецепт за микелада – мексикански коктел што лади и гори во иста голтка

Што е солено, зачинето, вкусно и освежувачко во иста голтка? Ако никогаш не сте пробале микелада, не знаете што пропуштате. Освежувачки и пикантен, мексиканскиот коктел од пиво и лимета ќе ве разлади и ќе ве опушти.

Рецепт за микелада - мексикански коктел што лади и гори во иста голтка

Потребни состојки:

  • 360 мл неутрално пиво
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1/2 – 1 лажичка сол
  • 60 мл сок од лимета
  • 2 лажички лут сос (табаско, сирача)
  • неколку капки соја сос
  • парчиња лимета
  • мраз

Начин на подготовка:

1. Во плитка чинија измешајте сол и чили во прав. Намачкајте ги рабовите на чашата со парчиња лимета и превртете ги во чинијата за да се обложат со зачините.

2. Турете ги сокот од лимета, лутиот сос и соја сосот во чаша и измешајте полека. Наполнете ја чашата со мраз, а потоа со пиво. Измешајте полека, украсете со лимета и послужете.

Прочитајте кои освежувачки пролетни коктели не ѝ штетат на вашата линија.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар