Хранете се квалитетно додека сте на работа: 5 предлози за здрави оброци

Хранете се квалитетно додека сте на работа: 5 предлози за здрави оброци

Кога не ја кревате главата од работа, не излегувате од канцеларијата со часови или сте растрчани на сите страни, сè што ви треба е здрава закуска. Ужината со малку калории, но што го зголемува нивото на енергија, го подобрува расположението и се подготвува брзо е токму она што ви треба за здрав оброк на работа. Еве како да ги комбинирате она што се нарекува здрава исхрана и работното време.

Хранете се квалитетно додека сте на работа: 5 предлози за здрави оброци

Ореви

Оревите се најдобрата опција кога станува збор за здравјето на срцето, а според истражувањето објавено во научното списание „Дијабетес, дебелина и метаболизам“, тие ја стимулираат областа во мозокот поврзана со контролата на апетитот.

Спакувајте ги оревите во хартиени кеси во препорачаната количина. Во спротивно, лесно можете да претерате. Во 16 половинки ореви има 200 калории.

Туна

Комбинирајте мала конзерва туна (80 грама) во маслиново масло со зелена салата по ваш избор и ќе добиете ужина богата со протеини, омега-3 масни киселини и растителни влакна. Овој оброк содржи околу 330 калории.

Супа

Постои истражување кое покажа дека испитаниците кои јаделе супа изгубиле 50% повеќе мрснотии во пределот на половината. Ова е многу практична ужина бидејќи супата обично се готви во поголеми количини и се чува во фрижидер неколку дена, па затоа секогаш ја имате при рака. Ако работите од канцеларија, може да ја ставите супата во тегла, а потоа да ја загреете во кујната на работа.

Мусли

Кој вели дека треба да го јадете само за појадок? Измешајте три лажици овесни снегулки со топла вода, една лажица семиња и сечкани ореви, овошје и зачини по ваш избор и ќе добиете вкусен оброк во кое било време од денот, а потоа ќе бидете сити долго време.

Сладок крем

За крај, нешто слатко, но и здраво. Какаото е намирница богата со флавоноиди и ова е многу вкусен начин да го консумирате. Растопете неколку парчиња темно чоколадо, а потоа измешајте го со неколку лажици путер од јаткасти плодови по ваш избор. Овој крем можете да го намачкате на оризови галети. Две оризови галети со две лажички крем имаат околу 200 калории.

Прочитајте кои 5 намирници го подобруваат расположението во зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар