Додека ги чекате новите епизоди од „Casa De Papel“ дружете се со омилените актери во хит серијата „Elite“

Додека ги чекате новите епизоди од „La Casa De Papel“ дружете се со омилените актери во хит серијата „Elite“

Сигурно сте забележале дека ТВ сериите веќе ги надминаа филмовите и сега се многу популарни на Нетфликс. Нетфликс е полн со одлични наслови кои нè одржуваат будни до последната епизода од сезоната, а во последно време шпанските серии се омилени, особено поради згодните актери, драмата и акцијата.

Покрај серијата „La Casa De Papel“ или „Money Heist“, серијата „Elite“ исто така се здоби со голема популарност. Приказните на овие две ТВ серии не се поврзани, но единствената видлива сличност се неколку од актерите чии лица ги паметиме од „La Casa De Papel“, како што се омилените Рио и Денвер.

Додека ги чекате новите епизоди од „Casa De Papel“ дружете се со омилените актери во хит серијата „Elite“

Оваа модерна серија започнува со тешко убиство чии околности се целосно нејасни, а за време на серијата ќе поминете низ скоро сите жанрови. Од мистерија и акција, до романтични сцени без кои шпанските серии се всушност незамисливи. Серијата е многу добро структурирана и во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, бидејќи секоја епизода ја одржува интригата, а секој од протагонистите знае каде оди и што прави. Освен девојката по име Марина која се чувствува изгубено во животот. Но, кој и не е на 17 години?

Иако „Elite“ е тинејџерска серија, темата е многу сериозна и ги испреплетува критиките за општеството, социопатските личности и односот меѓу богатите и сиромашните. Проблемот на Надја да се биде единствената муслиманка во институтот, причината зошто Омар продава дрога и причината за неговиот став, вообразеноста на Гузман и неговата бунтовна сестра. Тука ќе застанеме со спојлерите и ќе оставиме на вас да откриете повеќе.

Прочитајте и кои се најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“.