За негувани врат и деколте: 3 природни начини да имате мазна кожа!
Сите знаеме дека вратот не може да ги сокрие годините, но најважно е кожата да биде негувана и сјајна. Одморот е вистинско време за носење маици и фустани што ги откриваат вратот и деколтето. Со годините кожата ги губи нејзиниот сјај и цврстина во сите делови. Ако сакате да се заштитите од ова, погледнете ги следните 3 начини со кои можете да го подобрите изгледот на кожата во оваа деликатна зона.

1. Масажа за зацврстување
Масажата ја прави кожата еластична и брчките стануваат помалку видливи. За масажа користете масло од ружа или бадемово масло. Тие имаат силно својство за подмладување. Нанесете на рацете и измешајте. Масирајте ја кожата на вратот со прсти правејќи мали кругови. Но, немојте да ја триете и да ја истегнувате кожата. Масирајте секоја вечер пред да нанесете крема. Масажата треба да трае најмалку 3 минути.
2. Маска за поубава кожа на деколтето
Дејствува како инстант подигнување и трае неколку часа. Совршено е да ја направите пред да одите на забава.
Потребни состојки:
- 2-3 лажички зелен чај (ставете 1 кесичка чај во шолја со зовриена вода)
- 1 лажичка желатин
Начин на подготовка:
Растворете го желатинот во чајот. Морате постојано да мешате. Кога смесата ќе се излади нанесете ја на вратот и деколтето. После 30 минути измијте со млака вода.
3. Подобрување на циркулацијата
Ладниот мраз ја забрзува циркулацијата на крвта во кожата и брзо го подобрува нејзиниот тонус и боја.
Замотајте 4-5 коцки мраз во ткаенина и раздробете ги. Нанесете ја ткаенината на деколтето. После една минута тргнете ја крпата и исушете ја кожата. Ставете крема пред спиење.
Дознајте и кои знаци покажуваат дека кожата на вашето лице старее пребрзо.