Домашна пита со овошје

Домашна пита со овошје

Оваа сочна и слатка пита оди одлично со првото утринско кафе, но уште подобро со второто или третото.

Домашна пита со овошје

Потребни состојки:
  • 4-5 јајца
  • 200 грама маргарин
  • 100-200 грама шеќер во прав
  • 1 прашок за печиво
  • Кора од лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 400 грама брашно
  • 1 шолја млеко
  • 600 грама рендани јаболка
  • Шеќер за јаболката по желба
  • 100 грама мелени ореви
  • 200 грама замрзнати малини
  • Малку цимет
Начин на подготовка:

Изматете ги јајца со шеќерот, а потоа додајте го омекнатиот маргарин и мешајте додека не се направи пена. Додајте ја кората од лимон, брашното со прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и околу 150 милилитри млеко. Добро измешајте ги состојките.

Изрендајте ги јаболката и ставете шеќер по желба. Потоа додајте малку цимет и мелени ореви.

Премачкајте ја тавата за печење со масло, а потоа посипете ја со брашно. Ставете половина од тестото, а врз него половина од малините и ренданите јаболка. Потоа повторно додадете од малините и остатокот од тестото. Печете на 200 степени, околу 40-50 минути.

Доколку немате многу искуство со правење слатки, пробајте го овој едноставен рецепт за почетници за лажна пита од јаболка.