Најдобриот секс не е пресуден за изборот на брачен партнер

Најдобриот секс не е пресуден за изборот на брачен партнер

Истражувањата покажале дека најчесто жените не се венчаат за мажите со кои имале најдобар секс, туку за тоа биле пресудни други фактори. Најмногу се обрнувало внимание на верноста, поврзаноста кон семејството и способноста на мажот да биде добар татко. Кога свесно го прават овој избор, жените изјавиле дека воопшто не им е криво и повторно би одбрале исто. Но понекогаш им недостигал возбудливиот и страстен секс кој го имале во некоја претходна врска.

Најдобриот секс не е пресуден за изборот на брачен партнер

Речиси половина од жените во едно истражување изјавиле дека имале подобар секс со поранешен партнер, а не со сегашниот. Исто така изјавиле дека биле отворени за експериментирање и промени во рутината.

За разлика од жените, помалку од половина од мажите сметале дека имале подобар секс со поранешна партнерка. Поголемиот број од испитаниците биле сосема задоволни со партнерката и не им недостигало ништо од претходните врски.

И двата пола се сложиле дека со годините сексот станува подобар, а помалку од 10% изјавиле дека најдобриот секс им бил со првиот партнер. Само 4% од жените и 3% од мажите изјавиле дека најдобриот секс им бил за една вечер, а сите се сложуваат дека за добар секс се потребни љубов и страст. Значи, најголем процент од испитаниците сметаат дека сексот за една вечер не може да се спореди со водењето љубов со партнерот.

Воглавно, според сите резултати излегло дека околу 60% од жените и 70% од мажите сметаат дека сексот со сегашниот партнер им е најдобар.

Кога станува збор за отвореноста и желбата за експериментирање, мажите биле порасположени за разни игри, односно 30% од нив. Овде спаѓаат и мажите кои признале дека сексот кој се разликувал од сè претходно им бил најдобар, само затоа што пробале нешто ново и ги поместиле границите.

Се покажало дека доброто сексуално искуство нема улога во изборот на брачен партнер, барем кога станува збор за жените. На мажите сепак им е важен добриот секс во бракот, а и двата пола сметаат дека секогаш постои можност да се подобри квалитетот на сексот. Довербата и желбата за зацврстување на односот се зголемуваат со текот на времето, па партнерите се поопуштени еден со друг и ги споделуваат нивните тајни и желби.

Значи, добриот секс не е причина да стапите во брак, но е важен дел од врската. Доколку на почетокот не сте биле задоволни, истражувањето покажало дека со годините сепак ќе се подобрите и двајцата.

Знаевте ли дека спиењето голи може да ви го спаси бракот или врската?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар